Нема врска! Јас бев летово и баш не е така, баш се беше топ, океј сега додека се снајдеш ти требаат недела-две и додека ти стигне првата плата, на мене на пример ми даваа на две недели на првата работа ама па затоа имав бакшиш и секој ден си имав пари у мене а кога ќе ми стигнеше платата одма на картица си ја ставав

и бакшишот си го собирав 3-4 дена па и тој на картица... Си имав платен еден оброк од хотелот кај што работев што значи јадев здрава храна барем 5 пати неделно, другиот оброк си плаќав 4 долари во ресторанот кај што работев втора работа и добивав огрооомна порција шпагети или некој бургер со компири и салата

Што значи зависи од човек до човек, не јадат сите конзервирана храна и не рмбаат по 12 часа

Друго додека не најдов втора работа работев по 5 саата на ден, јадев во хотелот и после си ја прчев на плажа докај 6-7 :smug А пак имав бакшиш 40-50 долари на ден од првата и по 50-60 од втората работа