За жал никуда одиме и девојките не си ги продаваат нивните тела само тие што се во студенските домови, туку има и медицински сестри, фолкеркиве од МаЌедонија... Мажени жени и ситуацијава е крајно отидена, само што ние тоа не го сфаќаме толку сериозно. По хотели одат нечесните девојки, трагедии.
Гладна и жедна би останала, со ниту денарче во џеп, би умрела ако треба. Но никад не би помислила на таква работа и од тие пари да би се хранела и школувала, попрво би се самоубила. Него и модерниве родителите играат улога во сево ова, премногу дозволуваат и „преубаво“ воспитуваат.
Што можеш да очекуваш од еден таков родител, сум сретнала на еден форум една жена ја цитирам: „Разведена сум и способна за десет мажи, што ми треба друго“, а има ќерка од 15 години и вели дека може да ја воспитува? Како ќе ја воспитува побогу, кога мајката е таква прво, вели дека не би и сметало тоа кога ќерка и би имала сексуални односи, а 15 годишна? На децата од дома најпрвин треба да им се збори што е убаво, а што не, да се советуваат. Со партал облека ако е требно нека иде да се школува, нека учи, нека го загрева столчето нека иде во Министерството за образование,нека си зимаат стипендии. Но полесно им е така, малце ќе учам-малце ќе си се продавам и така ќе функционирам, утредента кога ќе те нарече некоја к*рва, проститутка, се вреѓа. Епа не се вреѓај.
Само во Македонија ли се продаваат сите тие што ги нарече? Па можам да ти кажам места, каде што проституцијата е пораспостранета од сите други занаети. Во дамнешни времиња куртизаните во Кина биле божици бре
„По хотели одат нечесните девојки“? Молам? Нечесна девојка е таа што си има дечко, немаат каде, во кола првиот сексуален однос никој не би го правел, а можеби и не уживаат така(имаат автомобил со мали димензии а двајцата се пример тешка категорија) и ќе си отидат во хотел, тоа нечесно е? Бог да чува... каде ли ќе отидеме со овие сфаќања...
„Гладна и жедна би останала“ - знам јас дека ова е само реченица, за да ја претставиш твојата одбивност кон оваа професија, но верувај ми, никој не може да остане гладен и жеден ако сака да работи, никој! Ќе оди од влез во влез и ќе ги моли да им ги исчисти скалите (две згради да се нафатат денес, секој спрат 100 денари, од 10 спратови 1000 денари. Никој нема да остане гладен, ама ебењето секогаш било полесно од работењето. Па дури и да треба денес да се сменат 7 различни партнери, ќе се протурка некако, ама ако денес треба да минеш 10 часа на работа, некој ќе почне да се жали, грбот, главата, се преладив, рацете не ми фаќаат...
„Денешните родители“ како не ти е срам... денешните родители за сѐ ли се виновни? И Грујо што изиграва Хитлер да не се криви денешните родители? Проституцијата од денес ли постои? Нели е тоа најстариот занает? Како може да се виновни родителите.... Да, јас сум родител и би дозволил моето дете на 15 години да има односи, ако знам дека е доволно ментално развиено, ако знам дека тоа го прави со личност која ја сака и со која има потреба тоа да го прави, притоа, да користи заштита, и сѐ што налага активниот сексуален живот.
Знаеш за што се виновни родителите? Што не зборуваат за тоа со своите деца... што табу тема е да се праша синот дали треба да му се даде кондом, ќерката да се праша дали има дечко кој веќе сака да влезе во „подлабока“ врска, што не се зборува за последиците, убавините и обврските што ги налага сексот. Кога сето тоа ќе се направи, можеби девојка исплашена од сите болести што се добиваат од односите со многу партнери ќе одлучи да си заработува за живот на друг начин, а не така.
Детето не може да ги добие своите принципи, норми само од себе. Заедницата поставува барања, забрани, осудувања...но не ги објаснува, тие немо лебдат во воздухот. Родителот е тој што треба да ја објасни причината за барањата, големината на забраните, пропаста од осудувањата.
И викаш...дете да учи, да добие стипендија.... Драга моја, кога јас учев стипендиите изнесуваа 4000 највисоката, а потоа пониските, не доаѓаа редовно, а пари за факултетот и животот треба редовно. Да, во други држави доволно е дете да добие стипендија и да не се мисли натака што, но! за жал тука не е така. Со тие 4000 денари, немаш ни доволно за партиципација, камо ли за живот.
Не си доживеала да бидеш неспособна да платиш стан(бидејќи студентите од „провинција“ кои седат во домовите, сигурно не седат од убавини, туку од примораност), да не можеш да ја смениш исхраната па да се сведува на маргарин, ајвар, сиренце(во ретки случаи), компири и толку. Тогаш тие 4000 денари што ги даваат од Министерство ќе ги мочаш од лутина, гледајќи како се пентречат олку факултети отворивме, онолку студенти се запишаа, а сместен си во државен простор што е еднаков на логорите од Хитлер, е да те видам тогаш дали ќе имаш толкава желба за учење.
Кога беше испитната сесија во Кузман немаа парно драга моја, мислиш такво дете ќе ти учи за стипендија? Па нему му доаѓало да отиде во Министерство и да ги запали сите, и така да се стопли!
Што значи, учење, учење и само учење, за стипендија, за деца недоволно финансиски спремни да бидат издржувани од дома, отпаѓа како опција.
Но, секако дека проституцијата не е решение. Има кафулиња, кажав и претходно дека има опција да се чистат влезови, можеш да продаваш по студентските домови продукти од орифлем, и сличните, можеш да изработуваш семинарски, талентираните да изработуваат рачен накит, уште поталентираните да си седнат и да изработат плаката за евтино цртање портрети... (сите овие работи што ги наведов, се работи со кои знам дека некои од нас завршиле факултет, седеле во студентски дом и не почнале да си го продаваат телото).
И како што чинам во моето прво произнесување на темава кажав, прекинете да мислите дека само во студентските домови се продаваат девојките... доста е со тие предрасуди, повеќе знам девојки од убави семејства што стојат таму по постојките за 1000 денари...отколку девојче дојдено да учи и да седи во мизеријата на Студентските домови.