Проституција во студентските домови

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Тоа не е начин за да се стигне до пари. Со проституција не треба да се заработува пари. А и од дома многу добро ги воспитале.
Точно така. Ако сака да има нормален живот нека работи нешто. Бидејќи ако го прават тоа, тогаш очигледно не се за учење дојдени во Скопје.
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Јас не сум била сместена никогаш во студентски дом и не знам како се функционира таму, но ако станува збор за проституција зошто таа конкретно се наведува дека е само по студентските домови. Демек само тие што идат од страна се проституираат?
Оти студенти и немаат пари? (па никого од дома не праќаат без пари на страна). Или овие од Скопје на пример многу пари имаат? Не ми е јасна темата баш, ама сакам да кажам ако некој сака да се проституира, да оди за пари и да прави глупости, не е битно од каде е и каде е, сум чула дека такво нешто прават многу урбани градски девојки. И на крај товарот се префрла на другата страна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
36
ехеее да беше само по судентцките домови они се даваат за два круга и на сред улица само како ке ги начекаш има некои многу лоши незамиени
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Колку само текстов врска си немат.
- Реално и тие немаат избор, бидејќи најголем дел се од руралните средини, и не им останува ништо друго ако сакаат да си дозволат нормален живот во скап град каков што е Скопје.

Затоа голем дел одбираат да бидат придружнички на некој богат господин или, пак, го продаваат телото за многу ниски цени на мажи од која било класа - објаснува Бобан Трајчевски, претседател на Сојузот на студенти при Филозофски факултет.
И јас сега како да го сфатам јас текстов сериозно?
Муабетов ме потсети на еден статус од колешка која е Скопје- провинцијалките се дојдени во Скопје за да си фатат богат дечко, сите слики на фб им се полуголи, со факултетот се-4 година сум ама имам 10 испити од прва.Нели е исто мислењето? Дури и се прашувам дали е ова пишувано од иста личност?:D Е да до таму од омразата кон оние што не се од Скопје туку од руралните средини како што и пишува во текстот. Е зато ваква ни е државава дека побрзо ќе се исплукаме меѓу себе , за разлика од другите... али тоа е за во сосема друга тема.
Има премногу генерализирање во текстов. Значи ги има секакви и по студентските домови и тие што се одлучиле во стан да седат и скопјанки да не ги заборавиме. Не можиш сите да ги ставиш во ист кош. Страшна работа.
 
-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
49
318
32
За жал никуда одиме и девојките не си ги продаваат нивните тела само тие што се во студенските домови, туку има и медицински сестри, фолкеркиве од МаЌедонија... Мажени жени и ситуацијава е крајно отидена, само што ние тоа не го сфаќаме толку сериозно. По хотели одат нечесните девојки, трагедии.
Гладна и жедна би останала, со ниту денарче во џеп, би умрела ако треба. Но никад не би помислила на таква работа и од тие пари да би се хранела и школувала, попрво би се самоубила. Него и модерниве родителите играат улога во сево ова, премногу дозволуваат и „преубаво“ воспитуваат.
Што можеш да очекуваш од еден таков родител, сум сретнала на еден форум една жена ја цитирам: „Разведена сум и способна за десет мажи, што ми треба друго“, а има ќерка од 15 години и вели дека може да ја воспитува? Како ќе ја воспитува побогу, кога мајката е таква прво, вели дека не би и сметало тоа кога ќерка и би имала сексуални односи, а 15 годишна? На децата од дома најпрвин треба да им се збори што е убаво, а што не, да се советуваат. Со партал облека ако е требно нека иде да се школува, нека учи, нека го загрева столчето нека иде во Министерството за образование,нека си зимаат стипендии. Но полесно им е така, малце ќе учам-малце ќе си се продавам и така ќе функционирам, утредента кога ќе те нарече некоја к*рва, проститутка, се вреѓа. Епа не се вреѓај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850

Само во Македонија ли се продаваат сите тие што ги нарече? Па можам да ти кажам места, каде што проституцијата е пораспостранета од сите други занаети. Во дамнешни времиња куртизаните во Кина биле божици бре :)
„По хотели одат нечесните девојки“? Молам? Нечесна девојка е таа што си има дечко, немаат каде, во кола првиот сексуален однос никој не би го правел, а можеби и не уживаат така(имаат автомобил со мали димензии а двајцата се пример тешка категорија) и ќе си отидат во хотел, тоа нечесно е? Бог да чува... каде ли ќе отидеме со овие сфаќања...
„Гладна и жедна би останала“ - знам јас дека ова е само реченица, за да ја претставиш твојата одбивност кон оваа професија, но верувај ми, никој не може да остане гладен и жеден ако сака да работи, никој! Ќе оди од влез во влез и ќе ги моли да им ги исчисти скалите (две згради да се нафатат денес, секој спрат 100 денари, од 10 спратови 1000 денари. Никој нема да остане гладен, ама ебењето секогаш било полесно од работењето. Па дури и да треба денес да се сменат 7 различни партнери, ќе се протурка некако, ама ако денес треба да минеш 10 часа на работа, некој ќе почне да се жали, грбот, главата, се преладив, рацете не ми фаќаат...
„Денешните родители“ како не ти е срам... денешните родители за сѐ ли се виновни? И Грујо што изиграва Хитлер да не се криви денешните родители? Проституцијата од денес ли постои? Нели е тоа најстариот занает? Како може да се виновни родителите.... Да, јас сум родител и би дозволил моето дете на 15 години да има односи, ако знам дека е доволно ментално развиено, ако знам дека тоа го прави со личност која ја сака и со која има потреба тоа да го прави, притоа, да користи заштита, и сѐ што налага активниот сексуален живот.
Знаеш за што се виновни родителите? Што не зборуваат за тоа со своите деца... што табу тема е да се праша синот дали треба да му се даде кондом, ќерката да се праша дали има дечко кој веќе сака да влезе во „подлабока“ врска, што не се зборува за последиците, убавините и обврските што ги налага сексот. Кога сето тоа ќе се направи, можеби девојка исплашена од сите болести што се добиваат од односите со многу партнери ќе одлучи да си заработува за живот на друг начин, а не така.
Детето не може да ги добие своите принципи, норми само од себе. Заедницата поставува барања, забрани, осудувања...но не ги објаснува, тие немо лебдат во воздухот. Родителот е тој што треба да ја објасни причината за барањата, големината на забраните, пропаста од осудувањата.
И викаш...дете да учи, да добие стипендија.... Драга моја, кога јас учев стипендиите изнесуваа 4000 највисоката, а потоа пониските, не доаѓаа редовно, а пари за факултетот и животот треба редовно. Да, во други држави доволно е дете да добие стипендија и да не се мисли натака што, но! за жал тука не е така. Со тие 4000 денари, немаш ни доволно за партиципација, камо ли за живот.
Не си доживеала да бидеш неспособна да платиш стан(бидејќи студентите од „провинција“ кои седат во домовите, сигурно не седат од убавини, туку од примораност), да не можеш да ја смениш исхраната па да се сведува на маргарин, ајвар, сиренце(во ретки случаи), компири и толку. Тогаш тие 4000 денари што ги даваат од Министерство ќе ги мочаш од лутина, гледајќи како се пентречат олку факултети отворивме, онолку студенти се запишаа, а сместен си во државен простор што е еднаков на логорите од Хитлер, е да те видам тогаш дали ќе имаш толкава желба за учење.
Кога беше испитната сесија во Кузман немаа парно драга моја, мислиш такво дете ќе ти учи за стипендија? Па нему му доаѓало да отиде во Министерство и да ги запали сите, и така да се стопли!
Што значи, учење, учење и само учење, за стипендија, за деца недоволно финансиски спремни да бидат издржувани од дома, отпаѓа како опција.
Но, секако дека проституцијата не е решение. Има кафулиња, кажав и претходно дека има опција да се чистат влезови, можеш да продаваш по студентските домови продукти од орифлем, и сличните, можеш да изработуваш семинарски, талентираните да изработуваат рачен накит, уште поталентираните да си седнат и да изработат плаката за евтино цртање портрети... (сите овие работи што ги наведов, се работи со кои знам дека некои од нас завршиле факултет, седеле во студентски дом и не почнале да си го продаваат телото).
И како што чинам во моето прво произнесување на темава кажав, прекинете да мислите дека само во студентските домови се продаваат девојките... доста е со тие предрасуди, повеќе знам девојки од убави семејства што стојат таму по постојките за 1000 денари...отколку девојче дојдено да учи и да седи во мизеријата на Студентските домови.
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Siromashtijata go tera covekot na se.Ne ja opravduvam prostitucijata no opravduvam napor edna devojka koja nema uslovi da se shkoluva zasto nejzinite ne mozat da i pruzat kako na drugite,a taa e ambiciozna i vredno uci da napravi se vo tie 4godini od fakultetot za da dobie diploma so koja ke zarabotuva za zivot.Celta gi opravduva sredstvata. Ne gi obvinuvam devojkite ,tie nemaat drug izbor,tie moraat da ucat i da odat redovno na fakultet za da zavrsat a i treba da platat stanarina.Poznavam nekolku kou sega se akademski gragjani,dobri majki i soprugi.Ednostavno uspeale vo svoite sonista.
 
-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
49
318
32
Изгледа не се изразив као што треба и пак не ме сфатиа некои луѓе. Не реков никаде дека за стипендија треба да учиш. Туку кога веќе ептен ти се учи, седни и загреј си го столчето, мачи се, направи нешто од себе и стани успешен, да моја вина е тоа што не спомнав дека треба и да се работи истовремено некоја работа, било што и било тоа во кафич, било како чистачка но не и да се продаваш. Криви се модерните родители реков, нема за што да ми биде срам, КРИВИ СЕ. Како може едно дете од 15 години да биде ментално созрен за да се впушти во сексуални односи? може само да биде ментален во тие години и ништо повеќе.
Драги мој, јас можеби на моите 20 години сум сеуште со застарени сфаќања и не можам против себе да си одам. Кога ќе имам деца никогаш не би ги воспитала на овој начин, како што денес модерните родители си ги воспитуваат децата. Табу тема била сексот, дете на 14,15 години уште газот не знае да си го брише.
На што изгледа тоа денеска родители божем ќе направат по едно дете и се впуштаат во други врски, во ред ли е тоа, мажот на работа трета смена, жената ќе ја видиш навечер излегува со некој непознат маж, доаѓа ја зима од пред зграда или пак обратно, тоа се тие модерни родители на кои што ништо не им пречи, сексот не им е табу тема, пошто они се никакви и заникаде. Можеби ти не си таков Асклепиј, но јас познавам така наречени родители кои од нивните деца партали направиа. :) без трошка совест, со истиве размислувања.
 
Не знам што ќе направам јас од своите деца, сѐ уште се мали, ама со рака на срце си кажувам...ако едно од моите деца на 20 години има толку затворени сфаќања како твоите... ќе сакам да се убијам. Тоа значи дека не сум ги научил да размислуваат слободно, да чувствуваат слободно, да се изразуваат слободно...
Не беше погрешно сфатена. Туку тие деца што мораат да учат, работат и опстојуваат во Скопје, верувај немаат толку време за да ја стигнат денешната стипендија. Тогаш можеше, бидејќи тогаш немаше секој втор 10тка со бубица во уше, сега има, па најчесто стипендии фаќаат со просек над 9, што е реално многу, и може да го има некој со надпросечна интелигенција, и некој што му е 100% посветен на учењето. Оној што работи, за жал не може.
Нема врска, како и да те сфатив, сепак за едно се сложуваме - до пари се доаѓа на многу поубави начини отколку со продавање на телото.
Знаеш колку многу може да е сексуално способна и развиена 15 годишна девојка? Еднакво на тебе. Зависи како се одвивал хормоналниот развој, зависи во каква заедница живеела, како и да е.... 15 годишна девојка веќе има менструален циклус, а кога почнува да добива менструален циклус хормоните веќе работат забрзано... потреба си е потреба, која треба да биде објаснета ОД РОДИТЕЛОТ НЕ ОД ПОРНО ФИЛМОВИТЕ, родителот треба да застане и отворено да зборува за тоа со детето, па можеби и ќе успее да му влее на детето некаква цензура која ќе му рече „Стоп! Иако хормоните се пред испукување, имаш 15 години, не е убаво да се впушташ во такви обврски уште сега“ и да се повлече 4 чекори назад и да почека до 20-21 години, или додека не најде некој со кого ќе ѝ биде убаво.
Верувај ми, ниту една девојка која ќе зборува отворено со своите родители за сексот, промените што ѝ се случуваат во текот на пубертетот и тинејџерските години нема да замине во погрешен пат... молчењето создава девијантни појави, не зборување.
А дека има дисфункционални семејства, каде мајката ја продава ќерката, таткото ја е*е соседката на работната маса каде што ќерка му пишува домашна... има, секаде го има тоа, и не ти викам дека не си во право, дека од тие семејства излегуваат крш деца, ама тоа не се „модерни“ семејства, тоа се само она што претходно го кажав - дисфункционални, ги имало порано(кога Сулејман имал харем), ги има сега ќе ги има секогаш, не се модерни, се чкртнати.
 
Последна промена: