Проституција во студентските домови

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Имаш и девојки „за две тегли ајвар“, а имаш и елитни проститутки, за кои треба да се брцне подлабоко во џебот. Таков е ценовникот на станарките на студентските домови во Скопје, кои до плус пари доаѓаат со најстариот занает на светот, објаснуваат жители на домовите.
Сите шушкаат како онаа од „соба таа и таа“ синоќа ја виделе долу пред врата како ја собира некој со „мерцедес“ кабриолет, а претходната вечер седела со добро ситуиран господин на средовечна возраст во еден доста угледен скопски ресторан. Причината најчесто треба да се бара во немаштијата, вели еден студентски функционер.
- Реално и тие немаат избор, бидејќи најголем дел се од руралните средини, и не им останува ништо друго ако сакаат да си дозволат нормален живот во скап град каков што е Скопје.
Затоа голем дел одбираат да бидат придружнички на некој богат господин или, пак, го продаваат телото за многу ниски цени на мажи од која било класа - објаснува Бобан Трајчевски, претседател на Сојузот на студенти при Филозофски факултет.
Друга причина, велат други студенти, за некои нивни колешки да решат да си го продаваат телото е тоа што сакаат да бидат видени во високите кругови, односно да бидат придружба на некој богат господин, или модерно кажано „спонзоруши“. Но, според нив, тоа го прават и скопјанките, па не ги чуди што девојките од внатрешноста научиле нешто од нив.
- Не е тоа од вчера дека има вакви нелегални активности. Јас сум сместен во „Пелагонија“ и со другарите сме забележале студентки како излегуваат доцна во ноќта, а пред врата ги чека некој и тоа најчесто со автомобили како „БМВ“ или некој луд „мерцедес“ - вели студентот Атанас Петревски.
Последниве години проституцијата по домовите зема замав како ниска проституција, која се одвива во собите на домовите, каде што студентките се продаваат по мизерни цени, велат станарите.
Самоил Малчески, претседател на Сојузот на студенти на Универзитетот „Кирил и Методиј“, признава дека има такви појави, но вели, не е во обем доволно голем за да се обрне поголемо внимание.
- Знаеме дека постојат вакви нелегални активности, ама најверојатно тоа се 5 отсто од вкупниот број на студенти сместени таму, што не е толку масовно за да зборуваме за проституција. И во Скопје се прават такви работи, а сите се фаќаат за студентските домови - вели Малчески.


Министерството за внатрешни работи (МВР) воопшто не е зачудено дека има вакви појави, но според нивните податоци се уште немаат фатено ништо на дело, иако нивните служби вршат редовни контроли.
Затоа МВР апелира до граѓаните доколку имаат сознанија за вакви дела тоа веднаш да се пријави во полициските станици, кои потоа ќе преземат соодветни мерки. Прекршителите кои се оддаваат на проституција може да заработат казни од 600 до 800 евра.


Кое е вашето мислење за ова? Какви мерки треба да се превземат?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mAcIkA

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Стварно не ги разбирам овие работи :franticИ јас сум студент,прва година и се гадам кога слушам вакви работи...И тоа сето да го прават за пари...Како само не се гадат кога се со тие постари луѓе...Не знам до каде мислат да стасат со такви работи,со таков памет...грозно многу грозно -.-
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
NO COMMENT!:cenzura
Иначе секаде е исто Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Тоа не е начин за да се стигне до пари. Со проституција не треба да се заработува пари. А и од дома многу добро ги воспитале.
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
абе што му се замарате за ова... кога има овци нека ги стрижат бе! нивни живот... што сакаат нека прават, не сум јас таа да им судам и да давам коментари за нивниот живот! мое е да кажам прави што мислиш дека е најдобро за тебе... и уште само ова... секој си ги сноси своите последици!
 

Leona

Нов член
1 март 2012
1
1
3
41
Добро кажа Самоил , што се фатиле за студентските домови , кога цело Скопје се продава и тоа девојчиња што немаат ни по 18 години , а за вработениот во студенскиот дом треба веднаш да му се даде отказ затоа што тој не е профисионалец во својата работа ... а и на крај краева секој си одлучува што ќе прави со својот живот ... нема потреба да се етикира никој
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mAcIkA

Anonymus

Нов член
1 март 2012
4
6
3
Авторот на овај текст сигурна сум дека нема ни стапнато во студентски дом, нити пак имал пријатели од домовите бидејки очигледно живее со предрасуди. Со тоа нема ни право да зборува што се дешава во домовите. Во домовите живеат луѓе колку во еден цел град па нормално е да има секакви луѓе. А ако вие сте забележале (запознале) само такви "лесни" девојки, замислете се што ве привлекува можеби проблемот е токму во вас.
 

Marko

Нов член
1 март 2012
1
0
3
33
Имаш и девојки „за две тегли ајвар“, а имаш и елитни проститутки, за кои треба да се брцне подлабоко во џебот. Таков е ценовникот на станарките на студентските домови во Скопје, кои до плус пари доаѓаат со најстариот занает на светот, објаснуваат жители на домовите.
Сите шушкаат како онаа од „соба таа и таа“ синоќа ја виделе долу пред врата како ја собира некој со „мерцедес“ кабриолет, а претходната вечер седела со добро ситуиран господин на средовечна возраст во еден доста угледен скопски ресторан. Причината најчесто треба да се бара во немаштијата, вели еден студентски функционер.
- Реално и тие немаат избор, бидејќи најголем дел се од руралните средини, и не им останува ништо друго ако сакаат да си дозволат нормален живот во скап град каков што е Скопје.
Затоа голем дел одбираат да бидат придружнички на некој богат господин или, пак, го продаваат телото за многу ниски цени на мажи од која било класа - објаснува Бобан Трајчевски, претседател на Сојузот на студенти при Филозофски факултет.
Друга причина, велат други студенти, за некои нивни колешки да решат да си го продаваат телото е тоа што сакаат да бидат видени во високите кругови, односно да бидат придружба на некој богат господин, или модерно кажано „спонзоруши“. Но, според нив, тоа го прават и скопјанките, па не ги чуди што девојките од внатрешноста научиле нешто од нив.
- Не е тоа од вчера дека има вакви нелегални активности. Јас сум сместен во „Пелагонија“ и со другарите сме забележале студентки како излегуваат доцна во ноќта, а пред врата ги чека некој и тоа најчесто со автомобили како „БМВ“ или некој луд „мерцедес“ - вели студентот Атанас Петревски.
Последниве години проституцијата по домовите зема замав како ниска проституција, која се одвива во собите на домовите, каде што студентките се продаваат по мизерни цени, велат станарите.
Самоил Малчески, претседател на Сојузот на студенти на Универзитетот „Кирил и Методиј“, признава дека има такви појави, но вели, не е во обем доволно голем за да се обрне поголемо внимание.
- Знаеме дека постојат вакви нелегални активности, ама најверојатно тоа се 5 отсто од вкупниот број на студенти сместени таму, што не е толку масовно за да зборуваме за проституција. И во Скопје се прават такви работи, а сите се фаќаат за студентските домови - вели Малчески.

Министерството за внатрешни работи (МВР) воопшто не е зачудено дека има вакви појави, но според нивните податоци се уште немаат фатено ништо на дело, иако нивните служби вршат редовни контроли.
Затоа МВР апелира до граѓаните доколку имаат сознанија за вакви дела тоа веднаш да се пријави во полициските станици, кои потоа ќе преземат соодветни мерки. Прекршителите кои се оддаваат на проституција може да заработат казни од 600 до 800 евра.

Кое е вашето мислење за ова? Какви мерки треба да се превземат?
Normalna rabota ....
Nemaat devojkite pari i toa im e nacin na egzistencija
Se slucuvaat i postrasni raboti.. :)
 

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Кој за што учел. На крај краева право на избор. Сите можат да си прават што сакаат со својот живот.
 

Aliss

Нов член
1 март 2012
1
13
3
36
E ova e navreda za site studentki !!!!!
ne sum jas kriva sto moite roditeli ne egzistirale vo skopje tuku vo pomal grad i poradi toa sea da imam etiketa.....
jas ziveam vo studentskiot dom Goce Delcev... tuka sme 1300 studenti, poradi 5 devojki koi gi znaeme site nie znaci sega ke bideme etiketirani :) ja sum dojdena vo skopje da ucam, da naucam da ziveam sama kako i site drugi tuka :)
e sega koj kakov nacin na egzistiranje ke izbere toa e negovo pravo na izbor...
moite svakanja i moeto vospituvanje od doma ne mi dozvoluvaat da prifatam deka sum skala ponisko samo poradi toa sto ne sum skopjanka, i vo nikoj slucaj nemate pravo da osuduvate bilo cij izbor, iako licno ne se soglasuvam so nacinot na koj ovie 5 devojki doagjaat do pari.....