Секогаш подобра комуникација и доверување сум имала со девојки. И не сум лезбејка, раце не кренав никогаш од мажи.
Погоре прочитав дека жените се љубоморни една на друга, генерално мислење со кое делумно се слагам.
Љубомора меѓу жени постои во момент кога едната истапува за чекор или два пред другарка и.
Во буквална смисла тоа може да биде нова маица, нова чанта, менѓуши и секако партнер.
Таквата љубомора потекнува од недоволна реализација на себеси и незадоволство од моменталната околина во која се движи.
Така другарки долгорочно не си љубоморат за маица, иако тоа е првичен впечаток на останатите.
Во суштина се работи за незадоволство кај едната, која во дадена ситуација манифестира завист кој исчезнува веднаш во момент на изразување желба за позајмување на маицата, чантата или друг моден детал.
Дечкото настрана. Ниедна вистинска другарка не го позајмува, ниту пак поклонува.