Пријателство по врска

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Мене не ми се случило такво нешто, но познавам луѓе кои што после нивната врска останале добри пријатели....малку е чудно , во зависност од тоа колку ти значел човекот, некогаш тие работи иако навидум сте пријатели, сепак остануваат некакви чувства па љубомора можеби на новиот партнер ...незнам јас искрено неможам да бидам пријател со бившиот партнер ....едноставно има премногу луѓе на светот кои се тука за да ми бидат пријатели...а за бившите...секогаш се најдобро .) и толку.
 

Varosanec

Староседелец
27 мај 2012
67
24
1,008
39
На клупата крши дујкан
Нема пријателство после врска кај мене, дури и да се судриме се правам дека не ги познавам, а најитересно беше еднаш кога бифшата дојде со сестрата на дуќан кај мене да урамува една слика, кога и ја кажав цената избега (намерно и кажав цена 500ден повеќе од реално што требаше само да не ја остај сликата оти ме нервира кога се прави на три-ипол).Нема пријателство со бифша кај мене освен ако не сака да се најдеме и една партија и пак после тоа не се познаваме ;)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Нема теоретски шанси после врска да опстане здраво и нормално пријателство меѓу двајца бивши.
Ретко кои парови ставиле крај согласувајќи се обострано, за нив не знам да кажам-можеби и може.
Лично, не сум завршила врска каде двајцата сме го сакале тоа, а за пријателство после врска во која еден не сакал да прифати крај, гледам само интерес од таа страна т.е гаење надеж дека се ќе се врати по старо...

И не знам, не би можела да останам пријател со бивш, а од друга страна па глупаво ми е до вчера сме биле како едно, а сега како тотални странци. Сепак секогаш се решавам да прекинам секаква комуникација, место да се лажам и да градам невозможни пријателства кои и така ни ќе траат долго, ни па ќе личат на пријателски односи. Повеќе би рекла расчистување сметки и нервози без потреба него пријателство.

Последната врска што ја имав, ми беше и најдолга и најозбилна, па кога раскинавме демек ај ќе комуницираме како пријатели, па првиот ден ајде некако издржавме. Како дома, што има ново, бош муабети и после а зошто вака со нас, можеше онака да биде, можеше вака, ти си кривецот, јас погрешив ова ти она, нервози и расправии за џабе и без потреба и затоа воопшто ни да не се надева некој дека може да комуницирате како пријатели понатаму. Нема шанси!
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Бевме толку блиски, што мислев дека никој не ми е поважен од неа, нешто повеќе од пријателка. Така се водевме 2-3 години, по цели денови си разговаравме за разно разни нешта, значи секоја тема. Времето ни изминуваше добро и интересно, се дружевме во живо, но секако интимноста преку интернет да си чатуваме беше поинтересно. Дојде денот кога ми кажа дека чувствува нешто за мене, односно дека ме сака. Јас кретенче наместо како машко да изреагирам, ја одбив, пи*ка најверојатно сум се уплашил, впрочем не се сеќавам баш за што размислував. Можеби главната причина беше тоа што едно момче ја бендисуваше долго време, па си реков не е ништо деца сме, утре другиден нема да се познаваме, демек јас да испаднам фер, а најверојатно не сакав да се борам за неа. Со еден збор лигуш!

Ден денес сеуште живееме како другари, ама не толку како порано, ама не ни толку малце.:)
Си има дечко, кој знае да ја усреќи токму онака, како што јас не можев, дури немав ни смелост да пробам, и да криво ми е. Другарството си остана, но мене грижата на совест сеуште ме јади, се потсетувам на тие убави моменти со неа, можеби и никогаш нема да и се извинам затоа што знам дека уште повеќе ќе ја погоди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
А па од толку другари да се полетам баш со бивши да другарувам, треба да ми фали нешто...или апла друштво да немам.
Секој со различна приказна и причина за раскин, ама искрено не знам за што би зборувала со некој што до вчера ми бил еден од поважните фактори.
За временска прогноза ќе збориме? Совети за штиркање и заведување ќе си даваме? Што?
- Кааај си бе брат, што правиш?
- Еве, на состанок ќе одам.
- Аа, убаво, ќе кажеш после што било. *ја вади вуду куклата и наредните пет часа бае над неа, бодејќи ја фуриозно во срце*

Се знае нашето до кај било. Штом некого не го интересирало да остане со тебе за да знае што ти се случува, не гледам зошто би се интересирал отпосле.
Да било некое кратко, неозбилно врскиче, да сфатам, ама да имам долга историја со некого, па после да ми е само пријател...не гледам логика.
Нах, премногу рани се оставаат така отворени, и секогаш кај тој што бил оставен, одново и одново се добива лажна надеж, инаку не гледам зошто некој би се самоказнувал толку. Од самопочит се знае до кај се границите.
Не, фала. Што ако утре кога ќе ме интересираат други, „другаров“ почне да ми се меша или потенцијалниов „се плаши“ зашто имам нерасчистени сметки?
Кај и да е, ќе помине тој период на другарување т.е. заблуда, ќе се покажат интереси кон други и толку од „другарството“, дали по нивна желба или на новите партнери, небитно, чисто се сомневам дека интересот да остане контактот ќе продолжи.
Обично и културно „Здраво, како е?“ ми е сосема доволно. On second thought, и без тоа можам.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ако збориме за здраво асално пријателство кое вклучува и дружба и кафиња, не е возможно. Затоа што секогаш ќе има причина плус за враќање назад. Фактор бивши си останува и тоа - history.
Големата грешка е што на база на пријателство се растураат новите врски. Пример: си раскинал со некоја, поминува време, се појавува нова, оди се` како подмачкано. И оп еден ден налетуваш на бившата. И као сеа на пријателска база муабети не знам што. Секое ново гледање (а ќе го има) е поблиску до пеколот - седење на 2 столчиња, бивша да ти стане швалерка. Овде не постои здраворазумно размислување, освен ако во старт не се пресече од корен.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Колку и да останете пријатели потоа. Тоа таканаречено пријателство ќе избледува. Потоа ќе станите обични странци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha