Препораки за филм (општа)

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Може некој предлог хорор филм ама да е ептен страшен не некој без везе ме фати ќеф за хорор :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Може некој предлог хорор филм ама да е ептен страшен не некој без везе ме фати ќеф за хорор :)
Оди во темата за хорори и одбери од тие постарите што сум ги ставил, сите се страшни било кој одбери го. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

In memory of the Captain.
Пред некое време го гледав, малку језив филм снимен според вистинит настан :(
Да, да и ДА! Многу малку се спомна филмов во рок од неколкуве часа по неговата смрт.

Покрај овој, секако топло го препорачувам и Patch Adams. Само почетокот погледнете го и ќе ја видите суштинската реалност на неговиот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Outrider

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Во 1942 год. малата еврејка Миша и нејзиното семејство се кријат од Германците во една мала куќа во Белгија. Кога нејзините родители ке бидат фатени од нацистите, Миша ке биде дадена на едно семејство каде што ке биде лошо третирана ...
Филмот буди длабоки емоции, ви препорачувам да го погледнете
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Гема заедно со својот син оди во Сараево каде што е роден нејзиниот син за време на војната во Босна. Таму таа се сеќава на американскиот фотограф Диего, во кого се заљубува, а подоцна и се мажи со него, но нештата ке тргнат наопаку кога таа ке посака да има дете... За време на нивниот престој таа ке открие една трагичната вистина.
Филмот е инспириран од страдањата на жртвите во Босна за време на воениот конфликт и преточен во една многу непредвидлива романтична драма. Вреди да се погледне.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Во оваа тема препорачувајте филмови кои ви се допаднале, без разлика на жанрот. ОБАВЕЗНО НАПИШЕТЕ РЕЦЕНЗИЈА со што ќе ги заинтересирате останатите форумџии да го погледнат филмот, и ако сакате ставете трејлер :) Исто така ОБАВЕЗНО ПИШЕТЕ ГО ИМЕТО НА ФИЛМОТ бидејќи сликите и трејлерите често може да бидат избришани од сајтовите на кои се поставени.

Или пишувајте со рецензија или воошто не се ни мачите да лупнете трејлер. Па и не мора кој знае каква рецензија, барем пишете нешто, зошто го препорачувате филмот. Секој следен коментар само со Youtube клип ќе биде избришан, а членот казнет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Изгледан и втор воен филм после black hawk down......jarhead.
Дејствието на филмот е во Ирак на нафтените полиња и акцент на филмот се има дадено на војничкиот живот на маринците,како се справуваат со изолацијата од надворешниот свет,недостигот на нивните девојки,жени.
Саундракот во филмот ми остави голем впечаток.
Тенкс @MissChievous
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
The Boy in The Striped Pyjamas

Некаде за време на втората светска војна, едно германско семејство поради унапредувањето на таткото, се сели во нова околина. Во близина на нивната нова куќа постои "фарма" на која живеат чудни "фармери" со шарени пижами. Нивниот живот е интересен и исполнет и нив никогаш не им е досадно зошто во нивната фарма се играат интересни игри во кои секој си има свој број.
Но, само во очите на осумгодишниот Бруно, кој не знае дека таа фарма е концентрацион логор, а интересните и чудни "фармери" се евреи кои во таа "фарма" ги поминуваат последните мигови од својот живот.
Цврстото пријателство што Бруно ќе го изгради со своето еврејско пријателче, миговите поминати заедно, пријателските докажувања, наивните разговори и храбрите одлуки ќе ве трогнат до солзи и ќе ве натераат НИКОГАШ да не го заборавите овој филм.
Една поразлична приказна за војната, жртвите и последиците од неа, гледана од еден поинаков агол-со детски очи.


Филм кој МОРА да го погледнете. 10/10
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Untitled and Outrider