Презиме

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
јап, ако е невработена домаќинка нема никаква причина, ниту потреба зошто би си задржала дел од личниот идентитет.
Ова е иронија или сарказам? :D
А демек после мажачкава и се губи идентитет на женава, постанува друга, се менува 360 степени, па единствено нешто што ќе ја потсеќа на старата себе е презимето?

Сите тие што си го задржале своето презиме, па и го додале на мажот е чисто од узур ко што вика баба ми. Или сега мажот е Велков и сега женава не е Велкова него Велков. :eek
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153

во духот на денот де :D
така ти беше посочено, ко да ако е жената невработена домаќинка не заслужува некако посебно да го истакнува моминското презиме, а тоа сепак е дел од незиниот идентитет, иако можеби најмалиот дел.
така некако поставена реченицата, делува поприлично омаловажувачки.
инаку јас го зедов неговото презиме, онака обично, со -а на крајот.
и сеуште ми е несфатлив тој тренд да се зема презимето во машки род.
така само си ја побиваме сопствената традиција и сопствениот идентитет, а во тоа не гледам ништо интересно или специфично или посебно.
уѕур - збор на место.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
За презимето можеме да бидеме до некој степен емотивно поврзани ама дека ако го оставиме задржуваме дел од моминскиот живот и од се` она што било претходно, тогаш се лажеме.
Практично, презимето е само еден стилски украс кој ни стои до името и на некој начин го надополнува.
Ако јас си го почитувам своето минато, презимето нема да игра никаква улога во животот.
Како што се имам изјаснето во темава, јас би го ставила само неговото презиме, затоа што мислам дека така налагаат работите.Ми доаѓа и како некое непишано правило, жената е правилно да го земе презимето на мажот затоа што започнува едно ново поглавје од својот живот па нема да биде од штета една таква „стилска“ промена.
А тоа со изменување на презимиња, кратење -а , изменување од -а во -и..не ми претставува некоја голема работа.Се работи за личен и индивидуален избор.
Па и не мора да значи да се мажиш па да го смениш презимето, можеш кога и да сакаш ако одлучиш дека е тоа правилно.
Уште малку ќе ја легализираат проституцијата тука, пак за презимето..пфф.

Инаку лично, не би го изменувала ниту своето(до брак) ниту неговото презиме(во брак) зошто сметам дека најубаво е секое презиме кога би останало такво какво што е.
А за поспецифично звучење во професијата, ќе си ставиш уметничко име и никој нема да те праша за презимето.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Хоуп*
Обично кога брачен пар сакаат да добијат виза за Америка пример, не ги признаваат за брачни другари ако имаат различно презиме. Познавам неколку парови во кои поради овој проблем жените се презиваат пр. Велков. Не мора да значи дека е претеризам или тренд или незнамтиштотоасипомислила.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Хоуп*
Обично кога брачен пар сакаат да добијат виза за Америка пример, не ги признаваат за брачни другари ако имаат различно презиме. Познавам неколку парови во кои поради овој проблем жените се презиваат пр. Велков. Не мора да значи дека е претеризам или тренд или незнамтиштотоасипомислила.
е конечно. Ете, ова стварно не го знаев, а ми е сосема прифатливо и логичко објаснување зошто некој го зел презимето на тој начин.
За презимето можеме да бидеме до некој степен емотивно поврзани ама дека ако го оставиме задржуваме дел од моминскиот живот и од се` она што било претходно, тогаш се лажеме.
Практично, презимето е само еден стилски украс кој ни стои до името и на некој начин го надополнува.
Ако јас си го почитувам своето минато, презимето нема да игра никаква улога во животот.
Како што се имам изјаснето во темава, јас би го ставила само неговото презиме, затоа што мислам дека така налагаат работите.Ми доаѓа и како некое непишано правило, жената е правилно да го земе презимето на мажот затоа што започнува едно ново поглавје од својот живот па нема да биде од штета една таква „стилска“ промена.
А тоа со изменување на презимиња, кратење -а , изменување од -а во -и..не ми претставува некоја голема работа.Се работи за личен и индивидуален избор.
Па и не мора да значи да се мажиш па да го смениш презимето, можеш кога и да сакаш ако одлучиш дека е тоа правилно.
Уште малку ќе ја легализираат проституцијата тука, пак за презимето..пфф.

Инаку лично, не би го изменувала ниту своето(до брак) ниту неговото презиме(во брак) зошто сметам дека најубаво е секое презиме кога би останало такво какво што е.
А за поспецифично звучење во професијата, ќе си ставиш уметничко име и никој нема да те праша за презимето.

Па не баш, не е презимето само стилски украс, сепак е повеќе од тоа. Можеби звучи безвезно, ама сепак е дел од личниот идентитет.
Океј е сето тоа со почитувањето на минатото, така е, не велам дека не е така.
Само тргнувам од тоа зошто во старт би посакала да го задржиш своето и да го додадеш неговото (зборам општо, не лично).
Ми се чини дека зад таа одлука би требало да стои нешто барем малку посуштинско од „така ми звучи покул“.
Тоа посуштинско, за мене е на пр. задржување на дел од идентитетот и нагласување на истиот.
Значи си го задржувам презимето, го додавам неговото и на тој начин потенцирам дека сум се родила во таа и таа фамилија, а сега сум дел од оваа фамилија.
Можеби тоа воопшто и не е причината и искрено стварно ме интересира зошто некој тоа го направил.
Пак ќе речам, „оти така ми е покул“ ми е смешна причина.

После тоа шо го спомувате околу специфичноста и необичноста на името и презимето поврзано со професијата.
Исто ми е малку безвезно и смешно. Мене ми личи вака - бирам неспецифично име/презиме, за да тоа ме дефинира како „достојна„ на професијата која ја работам и успешна во истата. Значи одбирам име/презиме и очекувам името/презимето да ме дефинира.
Зошто да не е обратното? Зошто да не сум јас таа која ќе го дефинира името/презимето, преку она што го работам, преку сопствениот труд и залагања и достигнувања?
Прост пример шо ми текнува во моментов - Каролина Гочева. Обично име, обично презиме, не е сменето, не е испревртено, ниту скратено, а сепак е препознатливо и доведено до степен да означува „бренд“.
Значи ако некоја се презива Петковска-Трајковска зошто би требало да ме асоцира на докторка или адвокат или судија или .... а да не ме асоцира на невработена домаќинка?
Можеби сум нејасна, оти се трудам да го скратам пишувањево колку можам.
Цитирајте ме и испрашајте ме слободно, не се лутам :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and slb_bobo

Па добро, ти ја сфаќам поентата што сакаш да кажеш и во право си до негде барем според мене.
Ама еве лично пример во моето семејство затоа што сме две деца, машко и женско, сметам дека на брат ми е да ја продолжи фамилијарната лоза со презимето, неговата жена ќе го земе, децата..и на тој начин нашата фамилија се продолжува со генерации.
А женското кога ќе се омажи веќе оди во друга куќа, друга фамилија.Што никогаш не значи дека ќе заборави од каде дошла, а не верувам дека презимето би одиграло голема улога.Но би требало тогаш веќе од почит према новата фамилија во која влегува, да го носи нивното презиме.

И јас не мислам така, никогаш не сум рекла дека двојното презиме ме асоцира само на некоја професија.
Сето тоа е индивидуален и личен избор без разлика дали е докторка, фризерка или домаќинка една жена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ќе го земам од сопругот...не ми е проблем. А нему би му било проблем зошто патријархално е одгледан и мисли дека ќе им се одрони бисерот ако по некоја случајност го оставам и своето. Јас секако нема да заборавам од каде доаѓам, па и десетпати да го пишам неговото презиме до моето име.
За се сум инает , ама за ова некако не , башка и не би одговарале двете презимиња едно до друго.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and Сара.13