Ова е иронија или сарказам?јап, ако е невработена домаќинка нема никаква причина, ниту потреба зошто би си задржала дел од личниот идентитет.
во духот на денот деОва е иронија или сарказам?
А демек после мажачкава и се губи идентитет на женава, постанува друга, се менува 360 степени, па единствено нешто што ќе ја потсеќа на старата себе е презимето?
Сите тие што си го задржале своето презиме, па и го додале на мажот е чисто од узур ко што вика баба ми. Или сега мажот е Велков и сега женава не е Велкова него Велков.
е конечно. Ете, ова стварно не го знаев, а ми е сосема прифатливо и логичко објаснување зошто некој го зел презимето на тој начин.Хоуп*
Обично кога брачен пар сакаат да добијат виза за Америка пример, не ги признаваат за брачни другари ако имаат различно презиме. Познавам неколку парови во кои поради овој проблем жените се презиваат пр. Велков. Не мора да значи дека е претеризам или тренд или незнамтиштотоасипомислила.
За презимето можеме да бидеме до некој степен емотивно поврзани ама дека ако го оставиме задржуваме дел од моминскиот живот и од се` она што било претходно, тогаш се лажеме.
Практично, презимето е само еден стилски украс кој ни стои до името и на некој начин го надополнува.
Ако јас си го почитувам своето минато, презимето нема да игра никаква улога во животот.
Како што се имам изјаснето во темава, јас би го ставила само неговото презиме, затоа што мислам дека така налагаат работите.Ми доаѓа и како некое непишано правило, жената е правилно да го земе презимето на мажот затоа што започнува едно ново поглавје од својот живот па нема да биде од штета една таква „стилска“ промена.
А тоа со изменување на презимиња, кратење -а , изменување од -а во -и..не ми претставува некоја голема работа.Се работи за личен и индивидуален избор.
Па и не мора да значи да се мажиш па да го смениш презимето, можеш кога и да сакаш ако одлучиш дека е тоа правилно.
Уште малку ќе ја легализираат проституцијата тука, пак за презимето..пфф.
Инаку лично, не би го изменувала ниту своето(до брак) ниту неговото презиме(во брак) зошто сметам дека најубаво е секое презиме кога би останало такво какво што е.
А за поспецифично звучење во професијата, ќе си ставиш уметничко име и никој нема да те праша за презимето.
е конечно. Ете, ова стварно не го знаев, а ми е сосема прифатливо и логичко објаснување зошто некој го зел презимето на тој начин.
Па не баш, не е презимето само стилски украс, сепак е повеќе од тоа. Можеби звучи безвезно, ама сепак е дел од личниот идентитет.
Океј е сето тоа со почитувањето на минатото, така е, не велам дека не е така.
Само тргнувам од тоа зошто во старт би посакала да го задржиш своето и да го додадеш неговото (зборам општо, не лично).
Ми се чини дека зад таа одлука би требало да стои нешто барем малку посуштинско од „така ми звучи покул“.
Тоа посуштинско, за мене е на пр. задржување на дел од идентитетот и нагласување на истиот.
Значи си го задржувам презимето, го додавам неговото и на тој начин потенцирам дека сум се родила во таа и таа фамилија, а сега сум дел од оваа фамилија.
Можеби тоа воопшто и не е причината и искрено стварно ме интересира зошто некој тоа го направил.
Пак ќе речам, „оти така ми е покул“ ми е смешна причина.
После тоа шо го спомувате околу специфичноста и необичноста на името и презимето поврзано со професијата.
Исто ми е малку безвезно и смешно. Мене ми личи вака - бирам неспецифично име/презиме, за да тоа ме дефинира како „достојна„ на професијата која ја работам и успешна во истата. Значи одбирам име/презиме и очекувам името/презимето да ме дефинира.
Зошто да не е обратното? Зошто да не сум јас таа која ќе го дефинира името/презимето, преку она што го работам, преку сопствениот труд и залагања и достигнувања?
Прост пример шо ми текнува во моментов - Каролина Гочева. Обично име, обично презиме, не е сменето, не е испревртено, ниту скратено, а сепак е препознатливо и доведено до степен да означува „бренд“.
Значи ако некоја се презива Петковска-Трајковска зошто би требало да ме асоцира на докторка или адвокат или судија или .... а да не ме асоцира на невработена домаќинка?
Можеби сум нејасна, оти се трудам да го скратам пишувањево колку можам.
Цитирајте ме и испрашајте ме слободно, не се лутам