Ајмо пак.
Форумов е искрено најчудното виртуелно катче на нашиве простори.
Слобода на говор треба и
мора да се има, тука нема место за двоумење. Дали иде од администрација или од член, независно, мислам дека ничија „позиција“ не менува лично мислење. Сите сме тука со намера да споделиме мислења и искуства. Во тој поглед, не оправдувам казни, никој не е позлатен за да не смее да му се обраќаме. Побуните ги сфаќам зашто очигледно е дека на некои ова им е прво форумско искуство, па не виделе острина, расправии и ремет.
Ама да бидеме искрени, си има и членови што фино-лепо знаат постојано да си буцкаат по администрација со намера да добијаат казна за да може после да се жалат. Епа со сета должна почит, ама никој не е должен постојано да расправа туѓи комплекси. Досега на друго место бан по IP адреса би добиле.
И, што се случува?
Од толку многу карактери, едноставно не знаеш кој од што може да се навреди. Побогу, цитираш некого со намера да развиеш дискусија и да кажеш зошто не мислиш ко него, и имаш сценарио:
1. Се лути и расправа со намера да оди на лична основа зашто очигледно ако не се сложуваш со некого, ко автоматски да го нарекуваш глуп.
2. Се лути и те игнорира.
Ретки се оние што ќе реплицираат, а со двете погорни сценарија нема простор за дискусија.
3. Следи жалбата дека нема дискусија.
Секогаш сакам од лично искуство да зборам, па еве последно памтам прашав за една тема предлози како да ја поделам за да би се развила дискусија која би им одговарала на членовите, и да имаше негативен број одговори, ќе ги добиев. Ене на истата штурци се слушаат во позадина.
Одговори од типот „Ти си модератор, ти треба да знаеш“ не се легитимни и се косат со „Не сте богови и ние треба да имаме удел“.
Не може да очекувате само од нас да водиме дискусија. Може да ја насочиме и да имаме удел во истата, ама ќе се вртиме 2-3 члена и после друг ќе се жали.
За казните очигледно е дека ви е омилено. Е, додека вие од една страна само го гледате тоа ко нефер спрема вас и вашето мислење на кое сте потрошиле време за некој да ви го избрише, да ви го доловам искуството и од наша страна.
Гледаш црвена пријава горе. Отвараш, гледаш дека членови се спречкале и навредениот или некој од страна пријавил.
Е сега, имаш различни сценарија: тотално изнервирани членови со директни навреди, еден директен - друг на смешка на шала, или двајца на „смешка“ и „шала“ си го збиберуваат. Листаш, го бараш коренот на расправијата, менуваш што можеш да смениш за да не биде само се брише и за да остане мислењето во контекст на темата, а сепак да е ненавредливо, па бришеш она што сметаш дека е навредливо.
Таман си истрошил време и нерви на тоа, добиваш порака „Зошто ми е мислењето избришано?“ или „Зошто моето овде е забришано, а на Станко не?“
Па ајде пак барај и објаснувај наново, па менувај да прилагодиш зашто многу лесно ќе дојде истиот со неколку збора да те стави на тапет и искритикува како си бил нефер спрема него, зашто, нормално, никој од нас не сака да не е во право и да биде бришен, и тоа е сосема разбирлива реакција.
Ама кој да знае бе луѓе вас што ве навредува? Убаво е на друг да спуштиме муабет и да се осетиме ко победници, а нас не боли истото.
Секој кога пишува точно знае со која намера пишува, нема што да ми е криво и да се бунам ако добијам казна за мислење во кое сум замаскирала стотици муабети и навреди, само зашто се такви - маскирани. Во тој случај, секој своето треба да си го ожнее.