Предлози и прашања поврзани со функционалноста на форумот

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
ipopovski Рака на срце имам замерка за односот што го имате. Ако сТе админ не значи дека сте Господ. Всушност, не сте Господ. Ако сТе админ не значи дека треба да ви молчиме, не се наоѓаме во предминатиот век на робовладетелско општество без права на глас.
Ако нешто се дебатира без навреди ми се чини дека нема аргументи и документација за казнен поен.
Форумов пополека ама сигурно станува како „езерце“ од кал на улица. Па го заобиколуваш за да не си ги извалкаш новите патики.
Наместо админот, администрацијата да ја создаваат атмосферата за опстојување на форумов ја уништуваат.
Жално пријателе. Не жално, очајно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Се` додека мислењето не содржи лична навреда како и отсликува дел од приватноста на засегнатиот, сметам дека мислењето би требало да седи.
Само така може да се има аргумент против оваа статус кво состојба.

Во спротивно ако содржело едно или повеќе работи од горенаведените, мислењето треба да се избрише, а членот строго да се казни. Приватна порака следува после тоа, лично обраќање како и образложение за бан.
Јас барем вака би постапил
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

„Приватна порака следува после тоа, автоматска порака се праќа со линк до избришаното мислење па ти чуди се за кое мислење имаш казнен поен. Плус бонус добиваш порака за грешка.“
Fixed.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
„Приватна порака следува после тоа, автоматска порака се праќа со линк до избришаното мислење па ти чуди се за кое мислење имаш казнен поен. Плус бонус добиваш порака за грешка.“
Fixed.

Затоа принтскрин.
Ретки се тие мислења, (освен ако не зачестат) така да не е лошо да се прават принтскринови и закачат како фотка. А ако зачестат, тогаш нема ни причина за објаснување.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Искрено, малце се претерува со овие критики, што се вика сте нашле па сте зашле. Дали не сте биле по други форуми на кои чисто за пример за тој постот што на некој дечко му се танцувало ќе добиеше ремет од членови, администрација и админи со месеци, без право на жалби и поплаки, а тука една опомена и бунт креваме... Никој не е Бог тука, ама не сме и ние, па да не гледаат ко богови... И на крај краева нечие присуство тука не значи дека треба сите да му се поклонуваме, заблагодаруваме, и да правиме журки што е тука, па нон стоп тоа да го повторува.И не е фер ако се има проблем со некој, да се ставаат сите во ист кош, уназадувале, за никаде биле... И искрено мене ми смета што некој коментира за квалитетот на форумот, а тука е само за критикување.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Затоа принтскрин.
Ретки се тие мислења, (освен ако не зачестат) така да не е лошо да се прават принтскринови и закачат како фотка. А ако зачестат, тогаш нема ни причина за објаснување.

Реков и погоре, доволно е да се стави цитат од мислењето во приватната порака. И да го избришеш мислењето, цитатот со содржината ќе стои само линкот од цитатот нема да работи (ама битно содржина барем има).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Искрено, малце се претерува со овие критики, што се вика сте нашле па сте зашле. Дали не сте биле по други форуми на кои чисто за пример за тој постот што на некој дечко му се танцувало ќе добиеше ремет од членови, администрација и админи со месеци, без право на жалби и поплаки, а тука една опомена и бунт креваме... Никој не е Бог тука, ама не сме и ние, па да не гледаат ко богови... И на крај краева нечие присуство тука не значи дека треба сите да му се поклонуваме, заблагодаруваме, и да правиме журки што е тука, па нон стоп тоа да го повторува.И не е фер ако се има проблем со некој, да се ставаат сите во ист кош, уназадувале, за никаде биле... И искрено мене ми смета што некој коментира за квалитетот на форумот, а тука е само за критикување.

Ова!

Реков и погоре, доволно е да се стави цитат од мислењето во приватната порака. И да го избришеш мислењето, цитатот со содржината ќе стои само линкот од цитатот нема да работи (ама битно содржина барем има).

Дали цитат или принтскрин, тука сме некаде со мислењата. Едниот може само автоматски да се добие.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ајмо пак. :D
Форумов е искрено најчудното виртуелно катче на нашиве простори.
Слобода на говор треба и мора да се има, тука нема место за двоумење. Дали иде од администрација или од член, независно, мислам дека ничија „позиција“ не менува лично мислење. Сите сме тука со намера да споделиме мислења и искуства. Во тој поглед, не оправдувам казни, никој не е позлатен за да не смее да му се обраќаме. Побуните ги сфаќам зашто очигледно е дека на некои ова им е прво форумско искуство, па не виделе острина, расправии и ремет.
Ама да бидеме искрени, си има и членови што фино-лепо знаат постојано да си буцкаат по администрација со намера да добијаат казна за да може после да се жалат. Епа со сета должна почит, ама никој не е должен постојано да расправа туѓи комплекси. Досега на друго место бан по IP адреса би добиле.
И, што се случува?
Од толку многу карактери, едноставно не знаеш кој од што може да се навреди. Побогу, цитираш некого со намера да развиеш дискусија и да кажеш зошто не мислиш ко него, и имаш сценарио:
1. Се лути и расправа со намера да оди на лична основа зашто очигледно ако не се сложуваш со некого, ко автоматски да го нарекуваш глуп.
2. Се лути и те игнорира.
Ретки се оние што ќе реплицираат, а со двете погорни сценарија нема простор за дискусија.
3. Следи жалбата дека нема дискусија.
Секогаш сакам од лично искуство да зборам, па еве последно памтам прашав за една тема предлози како да ја поделам за да би се развила дискусија која би им одговарала на членовите, и да имаше негативен број одговори, ќе ги добиев. Ене на истата штурци се слушаат во позадина.
Одговори од типот „Ти си модератор, ти треба да знаеш“ не се легитимни и се косат со „Не сте богови и ние треба да имаме удел“.

Не може да очекувате само од нас да водиме дискусија. Може да ја насочиме и да имаме удел во истата, ама ќе се вртиме 2-3 члена и после друг ќе се жали.

За казните очигледно е дека ви е омилено. Е, додека вие од една страна само го гледате тоа ко нефер спрема вас и вашето мислење на кое сте потрошиле време за некој да ви го избрише, да ви го доловам искуството и од наша страна.
Гледаш црвена пријава горе. Отвараш, гледаш дека членови се спречкале и навредениот или некој од страна пријавил.
Е сега, имаш различни сценарија: тотално изнервирани членови со директни навреди, еден директен - друг на смешка на шала, или двајца на „смешка“ и „шала“ си го збиберуваат. Листаш, го бараш коренот на расправијата, менуваш што можеш да смениш за да не биде само се брише и за да остане мислењето во контекст на темата, а сепак да е ненавредливо, па бришеш она што сметаш дека е навредливо.
Таман си истрошил време и нерви на тоа, добиваш порака „Зошто ми е мислењето избришано?“ или „Зошто моето овде е забришано, а на Станко не?“
Па ајде пак барај и објаснувај наново, па менувај да прилагодиш зашто многу лесно ќе дојде истиот со неколку збора да те стави на тапет и искритикува како си бил нефер спрема него, зашто, нормално, никој од нас не сака да не е во право и да биде бришен, и тоа е сосема разбирлива реакција.
Ама кој да знае бе луѓе вас што ве навредува? Убаво е на друг да спуштиме муабет и да се осетиме ко победници, а нас не боли истото.
Секој кога пишува точно знае со која намера пишува, нема што да ми е криво и да се бунам ако добијам казна за мислење во кое сум замаскирала стотици муабети и навреди, само зашто се такви - маскирани. Во тој случај, секој своето треба да си го ожнее.