Алкемичарот - Паоло Коељо = дефинитивно книга која ќе ве натера да подразмислите за смислата на пречките во животот и како истите најпаметно да се надминат....книга која нема да ја оставите бидејќи не можете да дочекате до утре за да дознаете што понатаму.
Сложувалката на Парсифал - Роберт Ладлам = Главниот лик Мајкл Хавличек како дете го преживеал дивеењето на СС трупите, а Америка му дава шанса за нов живот, и тој станува Мајкл Хавелок, еден од нејзините најдобри тајни агенти. Кариерата му ја прекинува смртта на саканата жена, но Хавелок дознава дека таа е жива и оти тој е жртва на измама од глобални размери.
Знакот близнаци - Роберт Ладлам = Романот почнува со сцената на воз, кој јури низ Италија кон Алпите и носи мистериозен товар. Станува збор за сандак со древни документи, чие откривање може да го разниша не само христијанскиот свет, туку и модерната цивилизација.Со тие документи, кои датираат од библиско време, Хитлер имал страшни планови, Черчил се обидел на секој можен начин да дојде до записите, а Ватикан е престрашен од нив."Знакот близнаци", иако ја следи добропозната шема на светска мистерија, потрага и постојана опасност, напишан е со умешноста за напнатост на Ладлам, човекот чии книги се продадени во 210 милиони примероци.
Сакате уште? =)