Тогаш почнав да ги слушам The Doors.
Дојде другарка ми Оле и рече:
Глеј што и украдов на сестра ми ептен добра музика прават.
И ми дава касета од Doors, за после да се мољакам на татко ми да ми даде пари да си ја купам касетата и перманентно да ги слушам само нив.
'90 го опфаќаат моето комплетно детство.
Ме подсеќаат на се.
Од играње пред зграда "Џамија" ,
хеланките со лубеници и првите Nike, првата симпатија од основно во 3, до првиот бакнеж позади у школски во 8,викендите поминати со извидниците по другите градови во Мк.
Префрлањето во средно и со тоа запознавање на нови луѓе,филмскиот бакнеж со другар ми
додека возиме точаци( нормално паднав и се скршив)
изглегувањето во парк на школка, пред соборна и на кругче,фарбање на косата во црвена боја,првите Adidas,часовите по глума,
изложбите организирани од другарчињата во склоп на уметничко,
цртањето на графити по скопските ѕидови, многуте журки во метропол
и на крај напуштањето на сето тоа со почетокот на новиот милениум.
Убаво време.

. Касандра, Веселите грашковци, Балјум-балјум, Були, Њу зајец погоди : ) Дајте музика, Шилјо и Плутон, Сител бамбини, Тропски горештини.. По модриците и излуштените колена, чибичанот, нинтендото, ако се сеќавате и на оние огромни часовници за на рака со мастики-што ги имаше секој, по целодневното скитање, играње и возење велосипед.. Вистинските пријателства, првата симпатија..
Ми недостига бушава азбука,играњето '' ластика " на улица, јадењето ЛИКИ КУЛ овошен сладолед 
Nik Sloter