Си ја гледам пред спиење Sabrina the Teenage Witch оригиналната и се потсеќам ко прцул кога излезе и не ми беше јасно што се дешава, ама многу ја сакав.
Sailor Moon, Pokemon, Alf, Garfield, The Fresh Prince of Bel Air, Daria (иако пред 2-3 години ја открив, ама прејака и за тоа и за ова време)... леле.
И до денес барам да си купам Тамагочи. Милениче, по нашки, од кај знаевме тогаш со мрсулите во нос да го изговориме зборот.