По што ќе ги паметиме 1990те?

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Во деведесетите веќе почнаа тинејџерските години...
Па...Беверли Хилс секоја недела во 12 на пладне, па после ја гледав една My so called life...
Па филмови на видео касети.... Го снимаш од МТВ и после го гледаш секој ден по цел ден...(снимани ми беа Coming to America, Home alone...)
Освен тоа, нинтендо, плеј стејшн (изнајмен) и не спиевме со брат ми цел викенд...
Многу другарувања, многу симпатии, први бакнежи ...
Касети, еден куп касети...
Па снимање песни од радио, па она чекаш да ти почне песната и одма стегаш rec...ах, која среќа, ќе си ја имаш омилената песна на касета еееј....
Без оглед на се`... Убави времиња...Убави спомени...
Барем за мене лично...
Всушност, тој ми е единствениот безгрижен период од животот....
Осумдесетите и раните деведесети...
После тоа, се` си е*а матер....
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Леле 90тите беа нај убави години во секој поглед,а тоа е = на генерациите наши,дружбите,ноќниот живот итн,сето тоа се памети и жал ми е што само беше така,а не е повеќе :mad:mad
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Што зборувате бе луѓе божји, 90-те биле добри?
0-ти беа дно на дното, мизерија, срање и фекалија.
После реформите на Марковиќ 86-91 (имам матни слики на изобилие 89-91 некаде) рајата на овие простори, уживајќи во најголемиот дотогашен животен стандард во нивната историја, незабележен дотогаш и оттогаш, беше збунета.
Па како, нема глад, војни, болештиње, погроми, сиротиња, па тоа не е врежано во фирмверот на баканецот па така одлучија таа благосостојба да ја сосечат во корен.
И така започнаа војни. Мој роџак беше во Вуковар, дезертираше и со хрватска помош се врати тука по заобиколен пат.

Потоа дојде инфлацијата. Од 700 евра (700 марки, прилагодено за инфлација) просечна плата, при незамисливо помали цени, при сомболични режиски трошоци, луѓето живееа најдобро од било кога.
И така во 1992 платите паднаа на 30 марки месечно. Пад од 23 пати за една година!

Во тоа време започна и политички организираниот криминал и приватизацијата. Десетици илјади раја останаа на улица, се разграба цело општествено богатсво, се разјеба све градено пола век пред тоа.
Криминалот експлодираше, моралн-етичките норми еродираа до непрепознавање.
Хунзистан у раљама наркоманије.
Штедња на секој чекор. Грав се вареше за шест оброци во два дена. Посен грав.

Јас паметам добро од трета средно понатаму а тоа беше сиромаштија, замаскирана малку со донации од дијаспора.
Сум го изодел цело средно со еден пар патики и еден пари војнички чизми, рака на срце беа феноменални и ме служеа повеќе од 20 години.

Не поновило се више.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Јас ко бебе и мало дете на 90ти, не ги гледам со тие очи. Тогаш не знаев за поимот економија, а не знаев ни за сиромаштија. Не дека сме биле богати, туку едноставно не ни регистрираш класни разлики, а за политика па да не зборам. Баба ми си правеше ручек, јас редовно си гласав уз Стојан Андов на секое „Ајде сега че гласаме“ и ми беше презабавно. :zelen
Доцните 90-ти паметам ко безгрижно време. Лепчиња со саламче, рендан кашкавал и маслинче за родендени, на ТВ трешти Паинер или Пинк, а родителите само трчкаат околу да не направи некој беља. Мењавме сликички од серии и цртани, школска една ми украде толкав куп, па жалење кај учителката, па „претрес“ правење да се вратат драгоценостите. Почнав со фестивалчиња и ритмичко, што беше некои 100 денари за месец.
Молев да ми купат точак и Далматинец, ама ништо од тоа, не ме сметаа доволно возрасна за точак, а за куче па да не зборам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Mnogo Bitno