По што ќе ги паметиме 1990те?

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Тогаш почнав да ги слушам The Doors.
Дојде другарка ми Оле и рече:
Глеј што и украдов на сестра ми ептен добра музика прават.
И ми дава касета од Doors, за после да се мољакам на татко ми да ми даде пари да си ја купам касетата и перманентно да ги слушам само нив.
'90 го опфаќаат моето комплетно детство.
Ме подсеќаат на се.
Од играње пред зграда "Џамија" ,
хеланките со лубеници и првите Nike, првата симпатија од основно во 3, до првиот бакнеж позади у школски во 8,викендите поминати со извидниците по другите градови во Мк.
Префрлањето во средно и со тоа запознавање на нови луѓе,филмскиот бакнеж со другар ми
додека возиме точаци( нормално паднав и се скршив)
изглегувањето во парк на школка, пред соборна и на кругче,фарбање на косата во црвена боја,првите Adidas,часовите по глума,
изложбите организирани од другарчињата во склоп на уметничко,
цртањето на графити по скопските ѕидови, многуте журки во метропол
и на крај напуштањето на сето тоа со почетокот на новиот милениум.
Убаво време.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Најубавите денови во мојот живот-моето детство.
По Ѕвон и зимско рекреативната програма на МТВ, моќните ренџери (јас бев жолтиот) :D. Касандра, Веселите грашковци, Балјум-балјум, Були, Њу зајец погоди : ) Дајте музика, Шилјо и Плутон, Сител бамбини, Тропски горештини.. По модриците и излуштените колена, чибичанот, нинтендото, ако се сеќавате и на оние огромни часовници за на рака со мастики-што ги имаше секој, по целодневното скитање, играње и возење велосипед.. Вистинските пријателства, првата симпатија..
Тогаш брзав да пораснам, а сега се би дала да се вратам во тие години!
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Хмм јас можам да зборувам од 1992 па натаму :) Ми недостига бушава азбука,играњето '' ластика " на улица, јадењето ЛИКИ КУЛ овошен сладолед :D тркањето со точак и спуштањето од една угорница надолу (ќе се убиевме кај ни бил паметот ) :) бомбони со изглед на камења ги заборавив како се викаа, собирањето салфетки и ливчиња (имав 2 кутии од чевли со салфетки) :D ми недостига баљум баљум и ле пјаф,покемон и тие сличните на покемон :D јадењето паштета надвор на улиЦА за да не губиме време да јадиме дома,да не пропуштиме нешто надвор :D еурокрем во тубичка, и мастика на метро во ролна хуба буба мислам дека беше ама не сум сигурна :) и уште многу работи што ме потсеќаат на еден убав период од мојот живот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and melpomena

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
По тоа што имаше пионери,
по тоа што уште одевме на банкети и ги испраќавме војниците
по тоа што некои се уште правеа свадби по дома
по тоа што немаше компјутери и по цели денови игравме по надвор
по тоа што едвај чекавме па почне Мечето Ушко, и се молевме да пуштат уште еден
по тоа што гледавме Беверли Хилс
по тоа што нај интересно ни беше да вртиме од фиксен телефон
на непознати броеви и да се зезаме
по тоа што секаден по дома идеа гости ненајавени предходно
по тоа што беше убаво и безгрижно
и по тоа што во тоа време бевме деца (y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena