Ах времиња.Некогаш силно посакувам да се вратам назад во тој период кога единствената причина за плачење ми беше одраното колено.
Денешниве деца не знаат што е живот.Уште мали им дозволуваат компјутери и интернети наместо да играат надвор.
Се секавам кога игравме жмурка,брканица во мојот двор.Кога игравме ластик во школскиот двор.И кога гледам некои деца во училиште дека скокаат и рипаат силно посакувам да им се придружам за момент.
Се секавам кога во доцните часови седевме надвор на улицата цело маало другарчиња собрани и правевме глупости.
Се секавам и брат ми кога ми ја купи касетата со цртани.
Кога прв пат на телевизија ги емитуваа емисиите со кои пораснав.Штрумфови,Том и Џери,Дајте музика...
Се е веке кажано.