Постои ли избор?

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Секогаш постои избор за било што во животот.
Дали во љубовта,дали за работа,дали за нешто друго...секогаш имаме избор.
Само секогаш се поставува прашањето дали ќе го направиме вистинскиот?!
Секогаш го правиме она што е во најдобар интерес за нас, односно ја избираме онаа опција што според нас ќе ни донесе најмногу и најдобри бенифиции. Секогаш, а најчесто подоцна гледаме(собираме дополнително информација)
дека таа опција не ни ги носи најдобрите резултати, односно таа опција не е најдобра опција, туку има подобра. Подобрата опција можеби сме ја знаеле но не сме имале доволно информација за дали ќе ни ги донесе очекуваните бенефиции,
односне сме очекувале дека ќе ни донесе помали или полоши бенефиции од избраната. Или, не сме имале информација за постоењето на дополнителна опција со подобри бенефиции. Кој и да е случај, клучниот елемент на кој што сакам да се обрне внимание е информацијата.
Односно информацијата(а подоцна и искуството) е основ врз кој го правиме изборот.
Е сега да се вратиме од почеток, што ако имаме можност да го направиме истиот тој избор но во овој случај ја имаме дополнителната информација, дали ќе го направиме истиот избор што сме го направиле или ќе ja избереме подобрата опција?

Се разбира дека ќе ја одбереме подобрата опција, всушност секогаш го правиме тоа. Изборот ни е секогаш ист, секогаш ја избираме опцијата за која што сметаме дека ќе ни донесе најдобри бенефиции.
Значи за да ја имаш можноста за вистински избор потребна ти е целокупната информација во врска со тој избор, информација што никогаш не можеме да ја имаме во целост, соодветно никогаш не го правиме вистинскиот избор. И никогаш ја немаме можноста за избор, зошто како што објаснив погоре изборот зависи од клучниот елемент информација, а информацијата доѓа од светот што не заобиколува, соодветно светот што не заобиколува ги контролира нашите избори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and sweetgirl

Utopian

Нов член
3 април 2012
27
24
3
30
Политичарите постојат за да ни дадат лажна идеја дека имаме слобода на избор. Немаме избор, немаме ниту индивидуален изборкоја носи промени во нашиот живот ниту пак избор кој носи проемни во општеството. И така избор немаме, имаме само поседувачи кои не поседуваат и прават се што нив им е потребно за зголемување на нивните финансиски средства. Живееме во свет каде што изборот е само илузија, а зад неа се крие една сурова вистина пред која сите стоиме со едно око затворено. Имаме карактер изграден врз база на она што елитата ни го кажува како нормално и прифатливо, имаме мозок полн со информации кои ги прифаќаме само затоа што тие се кажани од телевизијата а ние на телевизијата и веруваме . Сето она што ние ќе го слушниме од орган или личност која во нашата психа се рефлектира со верба а потоа и сигурност ние и веруваме на таа информација и подоцна станва дел од нашето размислувње...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Постои- меѓу тоа да дремете по цели денови на интернет по форуми и да земете да заработувате пари.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Само еден нели беше изборот :) Секако дека постои избор само едно е прашањето кој владее со тој наш избор ние сами или бог или судбината? Знаеш како вели онаа народната “ од пишаното не се бега“ епа ако не се бега зашто ни е некој избор? Сигурно за да неживеш монотоно! Кога ќе избереш една опција секогаш ќе се прашуваш што ќе беше ако направев друг избор? На пример да запишев друг факултет , друго школо и слично? Но за некој работи немаме избор на пример кој може да избере каде би се родил ? Лесно можеш да кажеш да таму ќе живема и да го постигнеш тоа , но моментот каде ќе се родиш неможеш да го избереш значи избор постои до некаде , а кој води со него е тоа во некоја друга дискусија.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Секако дека постои избор.
За избор не се смета се што срцето ке ти посака,дури и изборот помегу две зла е пример дека постои избор.
Се додека можеме сами да одбериме,кое за нас е помало,значи изборот постои.
Од нас зависи дали ке ги следиме соништата од детството или ке ги прифатиме советите од родителиите за она што треба да се одлучиме со животот понатаму.
Самиот страв во лугето за да го следат својот сон,не е скратување на изборот туку доброволно откажување.
Ако не постоеше изборот човекот сам на себе си би бил роб.


Јас секогаш имам избор,но исто така знам дека и во случаевите кога нема ништо да изберам,јас уствари сум избрал....Жан Пол Сартр.
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
Епа видете сеа, постојат стотици видови на избори и не можеме туку-така да генерализираме. Некои се едноставни и се засноваат на нашата лична желба ( чоколадо или смоки ? ) , второ некои се непревидливи и ризични, пример во љубовта , ти неможеш да отпатуваш во иднината и да видиш каков ќе ти биде животот ако решиш да се жениш со Маја или Марија.. значи тогаш со самиот избор превземаме и ризик и не сме сигурни шо не чека. И на крајот на краиштата имаме потешки избори кои се однесуваат за наоѓањето на работа, верување или не во религија, барање на одговори на некои потешки/посериозни прашања поврзани со животот, неговота настанување, функционирањето на системот, институциите ит.н. Е овде изборот е ограничен и можеме да бираме од тоа шо ни го нудат. А менито ќе ти зависи од твојата позиција во општеството. Не добиваат исти информации земјоделец и извшен директор на НАСА. Кој знае, вонземјани може и постојат ама ти неможеш да знаеш со сигурност и си во дилема бидејќи немаш веродостојни извори на информации. Шо ќе правиш ? ќе тргнеш во потрага по нив и ќе се бориш да стигнеш и ти до местото на извршен директор ? е овде милион работи одлучуваат дали и покрај добиените квалификации тебе ќе ти го дадат тоа место, оти светот го вртат уште поголеми босови и доколку твоите акции се косат со нивните нормално дека нема да те стават на позиција.
Е од таа гледна точка се согласувам со kones дека избор можеби има, но тој ите како е контролиран од страна на многу поголеми луѓе. И исто така сметам дека општеството има влијание на карактерот и изборот на личноста во голема мера, кажете ми еден домороден индијанец кој измислил некоја современа направа или има познавање од областа на економијата или политиката. Едноставно потребите и околината го тераат да мисли на нешто друго. Практично и во тоа се заснова целото функционирање на светот, се врши контрола врз другите со тоа шо им се скратува изворот на информации и се прават напори да се потиснат сите револуционерни мисли кои се косат со оние на управителите.
 

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Кога би имале можност за избор, тогаш би имале апсолутна контрола врз сопственото тело и разум.
Но ајде да ја поставиме на тест оваа теорија.
Во секој момент од времето и со времетраење предходно избран, би можеле да речеме да не мислиме на апсолутно ништо(еден вид на медитација).
Па пробајте со штоперица колку може да издржете без да помислите на било што?
Или до колку можете да изброите(почнувајки од еден) во умот без да помислите на нешто друго?