Изборот секогаш зависи од околностите, всушност околностите не доведуваат во ситуација да имаме потреба од избор и истите ни креираат можни опции за избор и на крај го избираме она што ни се чини правилно во зависност од околностите во кои се наогаме.
Сме избрале ли да бидеме живи битија? Поради наша воља ли ни се отвараат можности за избор? Ибравме ли самите да имаме избор?
Единствен избор што го признавам за личен избор е оној избор кој би допринел личноста која го направила истиот избрала да биде среќна без разлика на околностите во кои се наоѓа, се друго е наметнато...
Не можам да се согласам со тебе. Наметнато,дефинирај го тоа?
Имаш многу пари? Имаш избор каде и што ќе правиш со нив.
Имаш малку пари? Имаш избор дали ќе штедиш или ќе ги потрошиш побрзо
Немаш пари? Имаш избор дали ќе питаш или ќе бараш работа.
Имаш проблеми? Избор е дали ќе се соочиш со нив или ќе оставиш да те задушат.
Губиш близок? Одбираш дали ќе паднеш во депресија,или ќе размислиш дека светот функционира на тој начин.
Туѓите избори влијаат на твојот живот,твоите избори влијаат на самата тебе и тоа како ти ќе ги доживееш нив. Сите тие се лични избори. Не е човекот толку безвреден па единствен избор во животот да му е тоа дали ќе тоне во изметот или ќе излезе од него и ќе биде среќен вистински.