Јас би ја поставила темата „Дали постои право на избор“? И ќе одговорам дека не секогаш, односно не често.
Отсекогаш постоел избор, но правото е онаа нишка која ни помага да го оствариме истиот.
Така ако на една тезга наидам на омилен продукт, достапен во црна и бела боја, јас имам право на избор, односно да изберам дали ја сакам црната или белата боја. Но немам право истиот продукт да го изберам во црвена, сина или жолта боја. Затоа што не ми е понудено таквото право на избор = продуктот не е достапен во тие бои.
Во животот е применета истата техника како изборот со бои.
Во одреден момент имаме право на избор меѓу две работи, подоцна имаме право на избор меѓу четири работи, но не секогаш имаме право на избор. Така девојките имаат право на избор меѓу двајца достапни дечки, иако се случува да сакаат дечко а да немаат право на избор меѓу ниту еден. Точно е дека има мажи, но индивидуата не е во позиција да оствари право на избор кога нема понудени примероци од машкиот пол (грубо кажано, не дигајте галама).
Правото на избор е еден вид на периодичен систем. Зависен од многу надворешни фактори, а остварлив од многу внатрешни фактори.