Не можам да се согласам со тебе. Наметнато,дефинирај го тоа?
Имаш многу пари? Имаш избор каде и што ќе правиш со нив.
Имаш малку пари? Имаш избор дали ќе штедиш или ќе ги потрошиш побрзо
Немаш пари? Имаш избор дали ќе питаш или ќе бараш работа.
Имаш проблеми? Избор е дали ќе се соочиш со нив или ќе оставиш да те задушат.
Губиш близок? Одбираш дали ќе паднеш во депресија,или ќе размислиш дека светот функционира на тој начин.
Туѓите избори влијаат на твојот живот,твоите избори влијаат на самата тебе и тоа како ти ќе ги доживееш нив. Сите тие се лични избори. Не е човекот толку безвреден па единствен избор во животот да му е тоа дали ќе тоне во изметот или ќе излезе од него и ќе биде среќен вистински.
Имаш многу пари... сите избори кои можеш да ги направиш благодарение на истите се наметнати затоа што не можеш да купиш нешто што не се продава изборот е строго ограничен и наметнат...
Дали ке ги штедиш или не? Ке го избереш она што во дадениот момент ти се чини како правилна одлука во зависност од околностите... иборот кој ке го направиш е наметнат од околностите во кои се наоѓаш.
Дали наметнатиот избор е личен избор?- НЕ!
Кога би ги отфрлиле сите наметнати околности и би си избрале нови, според наша желба и воља, без никаква врска со изборите на нашите авторитети мегу кои спаѓаат самото општество, религијата, родителите и така натаму, дали тогаш нешто би било исто со нашата моментална реалност?
-Повторно НЕ!
Ние сме предходно добро обработени, испеглани, научени и програмирани по кој правец и да се движиме... секогаш нашите избори им одат во прилог на околностите, а скоро никогаш на страната на нашата среќа.
Се поставува прашањето- Принципите или љубовта? Сакаме да сме среќни или да бидеме во право?
Кога во дадена околност избираме да се водиме според принципите и се одлучуваме да донесене правилна одлука, тогаш подлегнуваме пред околностите и им се додворуваме на авторитетите со цел да добиеме награда за возврат, но се одалечуваме од сопствените вистински и лични желби за избор...
Кога во дадената ситуација би избрале среќа или љубов, жртвата што треба да ја принесеме е мошне голема и тешка. Тогаш авторитетите ни се лутат, ни вртат грб и многу често не оцрнуваат... од нив не добиваме награда за возврат туку спротивното, ама од себе добиваме многу, најмалку што може е сознанието дека сме направиле свој личен избор.