Исклучок што го докажува правилото. се шалам
Моментот до кој сакам да стигнам со темава е следен: Не сме имале можност за тоа каков карактер да избереме затоашто ни е створен од најблиските(директно или индиректно), не сме имале можност да избереме за тоа какви мислења и ставови ќе имаме затоашто ни е сугериран од општеството. На некој начин ние сме вештачки створени со веќе точно определени избори за повеќето од кои не сме ни свесни, со веќе определен пат по кој одиме или е веќе поминат од некој друг. А токму тие иновации го замаглуваат веќе определениот пат и ни дават шанса да скршнеме од него. Така да таквите иновации и то како се добредојдени и respect за истите.
Грешиш. Конформистите ги прифаќаат ставовите и мислењата на своето семејство, кое е основна клетка, нели, на општеството. Некритичкиот став е конформизмот, претставува ,,топење со масата,,.
Тоа не значи дека човекот немал избор - значи дека го одбрал ,,полесниот начин,,.
Затоа што личниот избор, да бидеш прогресивен, е голема одговорност, и уште поголемо осудување од средината.
Но не смееме да го исклучиме значењето на тие луѓе за едно општество. Ако нема такви, што постојано имаат заеднички мислења и ставови, не би можела ниту да постои една држава. Тие се ситните клетки кои го држат организмот цел.
Ако секоја клетка во телото, прави така како што сака (вистински) во секој момент, човекот наскоро ќе се распадне. Оние неконформистите, го посочуваат патот, а потоа конформистите го прифаќаат и одат по него.
Ако биде поинаку, не би имало воопшто прогрес - општеството не може ниту без едните, ниту без другите.
Но секогаш човекот има избор, дали ќе го одбере потешкиот или полесниот пат