Последен гледан филм со рецензија

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Transcendence

Отвори ја прикачената датотека 20962

Не знам зошто има толку лоша оцена филмов, мене лично ептен ми се допадна. Малку е тешко да се објасни приказната бидејќи станува збор за нов научно-технолошки експеримент. Доктор Вил Кастер создава машина/систем која развива своја потсвест и интелегенција. Кога ќе биде донесен на работ на смртта, тој, неговата жена и неговиот партнер решаваат да ја поврзат таа машина со неговата потсвест, меморија и интелегенција. Интересен sci fi филм со уникатна приказна, одлични ефекти и екипа глумци: Johnny Depp, Rebecca Hall, Paul Bettany, Cillian Murphy, Morgan Freeman,...

Трејлер.
Ако нема хепи енд можда тоа е причината за лошата оценка,американците неќат такви филмови...велам можеби зашто не го погледнав ама вака на прва лопта од гледањето на трејлерот
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ако нема хепи енд можда тоа е причината за лошата оценка,американците неќат такви филмови...велам можеби зашто не го погледнав ама вака на прва лопта од гледањето на трејлерот

Мене ми имаше хепи енд филмот.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
SLC Punk! (1998)

Филм за панкери, позери, секташи и слична боранија, добро сценарио и добро одработени ликови, разни супкултури, студентски дилеми и остали срања, јак саундтрак, изјави кои се паметат, ненормални сцени и сето тоа спакувано во еден од најзабавните филмови било кога направени. Pure fun. Иако троа забегува при крај...
Се снимал и втор дел, нема нешто познати актери и актерки, освен немачкиот глумец ама и тој не е нешто многу познат...

http://www.imdb.com/title/tt0133189/?ref_=nm_flmg_act_23

 
Последна промена од модератор:

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Prisoners (2013)

http://m.imdb.com/title/tt1392214/

Еден од ретките нови филмови кој ми се допаднал, трилер кој вреди да го погледне секој што не го гледал.

За време на денот на благодарноста, Келер Довер, неговата жена Грејс и нивните деца Ана и Ралф одат на гости кај нивните соседи Френклин и Ненси кои исто така имаат две деца, Џој и Елиза.

Ана и Џој се добри другарки кои се на иста возраст, за време на прославата излегуваат да си играат и по некое време мистериозно исчезнуваат. Тука почнува потрагата на двете фамилии по нивните деца, единствена трага им е комбето кое било паркирано пред нивната куќа.

Но потрагата нема да е лесна, а ќе стане уште потешка кога единствениот осомничен ќе биде ментално младо момче. Полицијата и главниот инспектор, стануваат немоќни во потрагата по Ана и Џој. Келер Довер таткото на Ана, одлучен да дојде до вистината и да ја најде ќерка му, ја превзема работата во свои раце и тргнува самиот во потрага по децата.

Филмов си е супер иако е понов, отсекогаш ми се допаѓале трилер приказните а оваа е супер, исто така и глумата на актерите беше одлична. На крајот малце се разочарав, ама сепак супер филм со некои добри пресврти.

Оцена ќе му дадам 9, заради крајот. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
possession.jpg


Романтична драма...
Филм снимен според новела која зборува за аферата(или да речам вистинската љубов) на еден познат поет во 1869...Еден американски професор случајно налетува на писмо од познатиот поет и почнува да ги следи трагите и доаѓа до интересно откритие и уште поинтересна љубовна приказна забележана во многу писма, дневници, спомени...
Нежен филм, многу силни емоции...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Planet of the Apes (1968)

http://m.imdb.com/title/tt0063442/

Мислам дека имам порано пишано рецензија за филмов, ама нема врска и така го гледав по не знам кој пат филмов. :)

Значи приказната е за неколкумина астронаути кои слетуваат на непозната планета. Во потрага за некаков знак на живот дознаваат дека слетале на планета со која владеат мајмуни, а луѓето им се робови. Откако некои од астронаутите ќе бидат заробени и нема да можат да зборуваат, останува Тејлор кој ќе се обиде да докаже дека мајмуните не можат да бидат како луѓето.

Глумата според мене беше супер. Чарлс Хестон го глумеше Тејлор и го одглуми предобро. Хестон глуми и во вториот дел од филмов и таму исто супер одглуми ама филмот е далеку послаб од овој.

Филмов нема некои добри ефекти како денешниве филмови, на пример ќе може да се види дека маските и облеката на мајмуните се аматерски направени, но сепак филмот си е супер. Исто така ова е еден од филмовите во кој има многу јаки пресврти, така да ако не сте го гледале а сакате да го погледнете, не гледајте ни трејлер ни ништо, па дури ни слики не гледајте зашто ќе ви се расипе цел филм, само симнете го и пуштете.

Има неколку продолженија филмов кои не се така добри како овој ама може да се погледнат. Римејкот од 2001 не го препорачувам да се гледа, тој е најглуп од сите. За останатите ќе пишам друг пат. :)
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
The Jackal
Најдобриот платен убиец познат под името Џакал е повторно во акција никој незнае како изгледа ниту како се вика. Се знае само неговиот начин на дејствување со лажни идентитети. Полицијата за да го фати ќе побара помош од ирски терорист Деклин кој соработувал со него и тука почнува забавата. Јако филмче искрено имам многу мали замерки 9/10.
Crank
Чев е професионален убиец тој едно утро се буди и кога ќе го пушти телевизорот ќе дознае дека е претепан и му имат ставено отров со кој има само уште еден час живот. Тој станува и почнува да ги бара луѓето кои го сториле тоа , а воедно и да бара против отров. Најдобриот против отров е адреналинот и тој несмее да запре инаку ќе умре. Што знам за тепање време е добар крејот не ми се допадна ич 6/10.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Planet of the Apes (1968)

http://m.imdb.com/title/tt0063442/

Мислам дека имам порано пишано рецензија за филмов, ама нема врска и така го гледав по не знам кој пат филмов. :)

Значи приказната е за неколкумина астронаути кои слетуваат на непозната планета. Во потрага за некаков знак на живот дознаваат дека слетале на планета со која владеат мајмуни, а луѓето им се робови. Откако некои од астронаутите ќе бидат заробени и нема да можат да зборуваат, останува Тејлор кој ќе се обиде да докаже дека мајмуните не можат да бидат како луѓето.

Глумата според мене беше супер. Чарлс Хестон го глумеше Тејлор и го одглуми предобро. Хестон глуми и во вториот дел од филмов и таму исто супер одглуми ама филмот е далеку послаб од овој.

Филмов нема некои добри ефекти како денешниве филмови, на пример ќе може да се види дека маските и облеката на мајмуните се аматерски направени, но сепак филмот си е супер. Исто така ова е еден од филмовите во кој има многу јаки пресврти, така да ако не сте го гледале а сакате да го погледнете, не гледајте ни трејлер ни ништо, па дури ни слики не гледајте зашто ќе ви се расипе цел филм, само симнете го и пуштете.

Има неколку продолженија филмов кои не се така добри како овој ама може да се погледнат. Римејкот од 2001 не го препорачувам да се гледа, тој е најглуп од сите. За останатите ќе пишам друг пат. :)
Овој е оној со главата на кипот на слободата на крајот?
 

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
28
Помеѓу 1897 и 1902 година во Македонија се најде приказна за пријателството и предавството. Две генерации подоцна, во Белгија, имаме приказна за љубовта и одмазда.
Опис: Двете приказни, иако разделени со речиси целиот век, се расплетува наизменично и постепено се испреплетуваат да се спојат во една на крајот на филмот.
Во проблематичната Македонија под турска власт, македонецот Митре го спасува Осман Карахасан Турчин од заседа. Овој гест го означува почетокот на еден големо пријателство Се делат Митре и Осман: Митре е лоша христијански македонски Осман е богат муслимански Туркчин.
Сценарио: Слободан Деспотовски, Боб Гусенс
Производителите: Рита Goegebuur, Јан Хинтјенс, Ерик ван Beuren
Водечките улоги: Љупчо Тодоровски, Рефет Абази, Rik Ван Uffelen
Класификација: - Драма / војна :)