Последен гледан филм со рецензија

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
The Tourist (2010)
http://www.imdb.com/title/tt1243957/?ref_=nv_sr_1

Филмов не ми остави некој посебен впечаток. Не е ништо посебно, премногу филмови со ваква содржина има, па затоа онака го изгледав. Некоја посебна приказна нема, ептен е предвидлив, знаев од напред кој е Френк, и така. :unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
12 angry men со Henry Fonda.
http://www.imdb.com/title/tt0050083/?ref_=nv_sr_1

Одличен класик, го прикажува судењето на еден адолесцент кој е обвинет за убиство на татка си. Сцената е една и единствена: соба во која поротата од 12 треба да изгласа целосна пресуда дали е виновен или не. Најпрво скоро сите изгласуваат „Да“. Но токму тогаш последниот член го кажува своето мислење. Работата полека почнува да се отплеткува. Филмов покажува за човековата психа и тоа како човекот e спремен да размислува на секаков можен начин. Што повеќе има опции, тој е поразумен, по рационален. Според мене овој е еден вид на лектира за оние кои сакаат класици, како и да е, не е долг, нема празни одови. Едноставно вреди!
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
127 Hours (2010)
http://www.imdb.com/title/tt1542344/?ref_=nv_sr_1

Филм базиран на вистинска приказна. Ви го препорачувам на сите. Иако на некој може нема да му се допадне, има неколку гадни сцени, ама вреди да се изгледа. Вреди да се изгледаат Ароновите 127те часа пекол. :)
 

Libra

Староседелец
15 февруари 2012
208
327
673
In time (2011)
http://www.imdb.com/title/tt1637688/?ref_=nv_sr_1

Многу интересен филм. Во иднина не постајат пари туку се тргува со времето. Ако заработуваш добро ти се продолжува животот а ако не банкротираш умираш. И како и секогаш богатите се тие што живеат а сиромашните се борат за опстанок.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
The Grey (2011)
http://www.imdb.com/title/tt1601913/?ref_=nv_sr_1

Најновиот филм на овој глумец решив да го гледам по добриот филм Taken каде исто он глумеше.
Работи во Аљаска како убиец на волци.
Муабетот е како е на Аљаска и му се руши авионот во кој е седнат.....
Очекував повеќе најискрено иако не можам да кажам дека филмот е лош.
Кој сака повеќе детали кај мене во пошта да не го кажуваме тука на тие што им е ќеф да го гледаат
 

AnneBoleyn

Активен Член
14 февруари 2012
144
193
43
In Chuck Bass' bedroom
Like Crazy (2011)
http://www.imdb.com/title/tt1758692/?ref_=nv_sr_1


Америчка романтична драма, многу ми се допадна. Се соживеав со ликовите, значи добра глума.
Ана е британка која студира во Лос Анџелес, во врска со Џејкоб, американец. Нивната љубов е ставена на тест кога се појавуваат проблеми со визата на Ана и тие треба да поминат некое време разделени. Дали љубовта ќе опстане или не?... Треба да се погледне. Не би сакала да ви го откријам крајот.
Битно, спремете си кутија паломи за текот на целиот филм.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
The meeting Point (1989)
http://www.imdb.com/title/tt0122234/?ref_=nv_sr_1

Атариот археолог наоѓа римска надгробна плоча по која трага цел живот. Таа го покрива преминот од светот на живите во светот на мртвите. При обид да ја помести плочата археологот доживува срцев удар и умира. Но тој е мртов само за околината, тој се наоѓа меѓу светот на живите и мртвите. Бидејќи се наожа во тој свет измеѓу, тој претставува врска. Мртвите водени од желбата да ги видат своите блиски тргнуваат по професорот во светот на живите, но таму ги чека изненадување, светот на живите не е таков како што го замислувале.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak and The Tramp

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
The vow (2012)
http://www.imdb.com/title/tt1606389/?ref_=nv_sr_1

Би го сместила во романтичните филмови.
Понов филм од 2012 мислам, епа овие што ги гледате на сликава ќе се венчат и така си се сакаат но една вечер додека седат во колата ќе ги удри камион..... и ај повеќе да не ви раскажувам.
Би го препорачал на девојките овој филм, посебно на оние кои сакаат романтични филмчиња.