Последен гледан филм со рецензија

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Harold & Kumar 2: Escape from Guantanamo Bay (2008)
http://www.imdb.com/title/tt0481536/?ref_=nv_sr_4

Го гледав прееска, ама ич не ми се свиѓаше. За разлика од првиот, овој ич не е интересен. Приказната е ептен глупо осмислена, и само чекав да заврши, за да не го гасам на средина. Се разочарав зашто очекував дека ако не од 1виот ама од 3тиот ќе биде поинтересен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Taras Bulba (2009)
http://www.imdb.com/title/tt1242457/?ref_=nv_sr_2


Жанр: драма, историски филм
Режисер: Владимир Бортко
Сценарио: Владимир Бортко (по истоимената книга на Николај Гогољ)
Главни улоги: Магда Мељцаж, Богдан Ступка, Игор Петренко, Владимир Вдовиченков, Михаил Бојарскиј
Композитор: Игор Корнељук
Должина: 127 минути
Буџет: 516.000.000 RUB / 15.700.000 USD
Држави: Русија, Украина, Полска
Јазик: Руски, мал дел полски и јидиш
Година: 2009

Тарас Буљба е козачки атаман кој има два сина. Во напад на полската војска му е убиена жената и запален имотот. Буљба собира војска од Запожките козаци и маршира кон Варшава.
И крајот:
Во нападот еден од неговите синови се заљубува во полска благородничка и застанува на страната на Полјаците. Буљба го наоѓа својот син и го убива, Другиот син е заробен и е сурово мачен од полјаците. На крајот Полјаците го фаќаат Буљба и жив го запалуваат.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Parada (2011)
http://www.imdb.com/title/tt1784575/?ref_=nv_sr_1

Последно што изгледав е српскиот филм Парада. Ептен тапа филм. Во него се зборува за 2 педери кои сакаат да организираат парада низ Белград, а во тоа им помага еден опасен човек (Никола Којо) кој поседува џудо клуб. Во филмот глуми и нашиот Тони Михајловски кој беше главната причина за гледањето на филмот. И ептен сум разочаран, бидејќи очекував добра комедија од србите. Плус тоа ликот на Михајловски во филмот е тапа, а некои реплики кога ги кажува, делуваат како да е п***р. :)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
D3151DB5-3FAA-45B3-980B-E2415F378BAB_w640_r1_s_cx0_cy27_cw0.jpg

„Скопје ремикс“ за едно поинакво Скопје

„Скопје ремикс“ е музичко-филмски омнибус во продукција на „Ново македонско видео“.Станува збор за девет уникатни приказни, мисли и визии за Скопје видено низ призмата на 10 млади македонски режисери, за тоа каков град тие би сакале да биде.
Иницијалната идеја за проектот и неговата примарна цел беше и остана тоа да направиме филм кој ќе ја отслика оваа немирна и многу креативна урбана енергија која вибрира во нашето Скопје, во последните 15-20 години.
П.С.Супер филм ,во кино Милениум !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Викенд на мртовци (1988)


Не дека ми се чини дека некој го нема глеано филмов ама ај.
Ката умира и семејството пробува да ја закопа.
Според мене ова е најхумористичен македонски филм ever! Уствари, и единствена комедија ако не е кај нас.. а и посмешен е од некои американски комедии дефинитивно.
Ако го немате глеано, вреди да се глеа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and The Tramp

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Cast аway со Tom Hanks.

Нешто многу налик на Робинзон Крусо во денешно време. Иако предвидливо до самиот крај мене ми го направи ќефот. Еден тип работи во испорака на брза пратка. За време на последната вечера со својата идна жена тој добива задача да пренесе пакет преку океанот. Со зборовите упатени кон кон негова љубена дека ќе се врати брзо, тој не е свесен дека неговиот пат ќе трае... подолго од очекуваното.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
What's your number? (2011)
http://www.imdb.com/title/tt0770703/?ref_=fn_al_tt_1

Многу убав филм, посебно ќе им се допадне на женските,се работи за девојка која го бара вистинскиот дечко за себе:D Чита во едно списание дека просечен број на мажи со кои треба да бидат девојкте пред да го најдат вистинскиот е 10,а она до тогаш имала 20 и ветува пред другарките дека нема да има 21ви, па со помош на комшијата ги бара тие 20 и повторно изглегува со нив.Имаат договор со комшијава,он да и ги бара бившите,а она да го засолнува кај неа после секоја ноќ помината со девојка во неговиот стан,додека не си отиде девојката...крајот не го кажувам,ќе ве остаам сами да откриете што ќе се случи:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: мимис and Libra

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Споделувајте ги вашите искуства со филмовите кои ги имате гледано и дајте кратка рецензија на истиот.

Последен филм кој јас го имам гледано е српскиот филм: Парада. Филм кој се занимава со состојбата на геј популацијата во Србија и обидот да се организира "Прајд" во Белград. Филмот преовладува со низа трагични и комични елементи. Главната улога во филмот ја има Никола Којо, а глуми и македонскиот актер Тони Михајловски. Вреди да се погледне. Моја оцена 8/10.
За повеќе информации во врска со овој филм одете на: http://www.imdb.com/title/tt1784575/
И јас го гледав. Само не ми е јасно.. има еден Србин, Хрват, Босанец и Албанец кој што ги поддржуваат хомосексуалците, а Тони Михајловски глуми Албанец кој што ги поддржува хомо. Зарем не можело да глуми Македонец..? :eek

Иначе добар е филмот, и некои можеби би сватиле дека никој не е хомосексуалец од мода или оти така избрал, туку хомосексуалците така се раѓаат. И би ја намалиле непотребната омраза кон геј популацијата.

Гледајте го филмот. :)