Последен гледан филм со рецензија

Myself

Нов член
13 февруари 2012
7
4
3
38
Споделувајте ги вашите искуства со филмовите кои ги имате гледано и дајте кратка рецензија на истиот.

Последен филм кој јас го имам гледано е српскиот филм: Парада. Филм кој се занимава со состојбата на геј популацијата во Србија и обидот да се организира "Прајд" во Белград. Филмот преовладува со низа трагични и комични елементи. Главната улога во филмот ја има Никола Којо, а глуми и македонскиот актер Тони Михајловски. Вреди да се погледне. Моја оцена 8/10.
За повеќе информации во врска со овој филм одете на: http://www.imdb.com/title/tt1784575/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
Предлог филм за Валентајн:

Bottle Shock (2008)
Филмот е базиран на вистински настани што се случиле во 1976. Виното во Калифорнија немало добра репутација, и вообразените французи не го признавале квалитетот што го дава долината Напа.
Поради тоа договориле натпревар каде секоја земја ги презентира вината на слепо дегустирање, ден што во историјата е запамтен како Судот на Париз.

Кога го гледав не знаев ништо ни за историјата на виното, а ни за како се произведува вино.
Но, филмот е така направен за секој што ќе го изгледа да се заљуби во земјата, сонцето, лозјето... и се разбира виното.
Забавен, едукативен и инспиративен филм што го препорачувам на секој.
Чие вино ќе победи? Франција, или Америка? Оставам на вас да погледнете.

Повеќе филмови за Валентајн:
http://www.crnobelo.com/zabava/film/11077-filmski-vikend-vino-i-filmovi

Топ колекција на филмови со рецензија:
http://www.crnobelo.com/zabava/film
 

Fifi

Полноправен Член
15 февруари 2012
30
40
18
32
The Illusionist (2006)
http://www.imdb.com/title/tt0443543/?ref_=nv_sr_1

Еден од најдобрите филмови што сум ги гледала.. Во главна улога е Ајзенхајм кој со помош на невидена илузија ја враќа својата неостварена љубов од детството, принцезата Софи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Slims

Lucia

Староседелец
14 февруари 2012
34
58
1,018
The Countess (2009)
http://www.imdb.com/title/tt0496634/?ref_=nv_sr_1

Филм за грофицата Елизабет или Крвавата Грофица, како што во тоа време милувале да ја наречат е најплодниот женски сериски убиец во историјата на човештвото. Таа и четири нејзини соработници се обвинети за мачење и убивање на стотици невини девојки, кои биле убивани заради болната опсесија на Грофицата да биде вечно убава и млада. Имено, Грофицата верувала дека со мачкање на крв на нејзиното лице, крв од девојка девица се подмладувала и се разубавувала.
 

Lucia

Староседелец
14 февруари 2012
34
58
1,018
The Boy in the Striped Pyjamas (2008)
http://www.imdb.com/title/tt0914798/?ref_=nv_sr_1

Потресна приказна за германските логори прикажана низ очите на малиот германец Бруно и неговиот пријател од логорот Шмуел. Прекрасен филм, заслужува да се погледне.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sofija... and Slims

Libra

Староседелец
15 февруари 2012
208
327
673
Charlie St. Cloud (2010)
http://www.imdb.com/title/tt1438254/?ref_=nv_sr_1

После смртта на брат му Чарли може да го гледа и да разговара со него и да се среќава секој ден на нивното место. Но набрку Чарли треба да одбере помеѓу тоа да се врати во реалноста и да продолжи со својот живот или пак да продолжи со она што го прави последните години....Многу убаво тажно филмче.
 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
The sweetest thing (2002)
http://www.imdb.com/title/tt0253867/?ref_=nv_sr_1


По низа на неуспешни врски, Кристина Волтерс(Cameron Diaz), има желба да тргне во потрага по "правиот". Барем така мислеше се додека една вечер не го запозна Питер(Thomas Jane) кој го промени нејзиниот свет..
 

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
A good Year (2006)
http://www.imdb.com/title/tt0401445/?ref_=nv_sr_1

Макс дознава дека добил наследство од вујко му, имот во Франција каде тој има пораснато. Но, многу работи се смениле од тогаш.
Како дете го обожувал времето поминато со вујко му, но сега, веќе возрасен само сака да го продаде, да заработи и да се врати во својот свет.
Додека чека проценка на имотот, се бори со распаднатата куќа, домарот што го спрема совршеното вино, некоја американка која се преставува како негова братучетка и чуствата што се раѓаат за прекрасната, бунтовна Фани.

Мноооооогу е убав за гледање ќе се заљубите во пејсажите и ќе посакате да сте таму за момент...
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Original sin (2001)
http://www.imdb.com/title/tt0218922/?ref_=nv_sr_1

Доoooлгоoooo време се спремав да го гледам али сплет на околности, па се некој друг почнував. Како и да е, го изгледав и иако стар, филмот има добра приказна. Оцена, 8,5/10. Интересен крај има :)
Не би да го раскажувам и да навлегувам одоколу во содржината, пошо филмот е стар и најверојатно доста од вас го имаат гледано.
Јас лично мислев дека глумците се бирани така за да се покрие предвидливата и лесна содржина на филмот, ама ете сум била грешка :)
 

MarGrey

Нов член
24 февруари 2012
21
21
3
34
In the Land of Blood and Honey (2011)
http://www.imdb.com/title/tt1714209/?ref_=fn_al_tt_5

Ептен последен.. пред 3 часа.. Новиот на Анџелина Џоли,мислам нејзина режија.
Филмот беше трагичен,тажен,ефектите беа многу гласни,посбно бомбите и пукањата !
Како филм што го има режисирано актерка,е супер ! Но исто како Србите,мислам дека само едната страна ја прикажала !
Од мене проценка ако треба на скала од 1-5,заслужува 3,5 !