Кога доаѓав очите ти беа полни со солзи,
меѓутоа тоа беа солзи радосници,
кои беа огледало на твојата чиста љубов и добрина.
Кога си заминував пак ги гледав солзите
кои ти го квасеа предвреме остареното лице,
а сепак толку топло,мило
но овојпат не беа исти,го немаа тој сјај,
сега во нив се чувствуваше една огромна тежина,
чиниш ако капнат,тлото под нив ќе го снема.
И тогаш тој кобен ден пак ги видов солзите,
но сега беа сосема поинакви,
во нив се отсликуваа стравот и ужасот,
се отсликуваше болката....
смртта.
Како да оставаа бразди додека се тркалаа
по твоите образи,
Залудно пробуваше да ги сокриеш.
И јас и ти знаевме дека тоа е последен пат.
И моите солзи сега течат,
проклето ми недостигаш,
ама додека мојава душа
не го напушти телово,
ветувам нема да заборавам.