Одлучив да ги фрлам сите придавки, да потонат во стотина изгрејсонца изутрина, додека гледам низ лачот рефлексија на мојот лик.
Токму сега.
Да имав барем малку мозок, тоа ќе го направев многу одамна.
О да, јас се родив непоправливо добра, но годините гледам, прилично ме расипале. Претпоставувам агонијата е најголема токму во оној момент кога крие неискажана приказна на една задскриена гордост.
Зошто?
Зошто не сакам никој да проба да шета во мојата кожа... Не повторно. Од многу пробувања, сета е скината и излитена. Иронично, кутрата како број не одговара со ниту една силуета. Распар. Непар. Зарем е важно тоа сега. Остави.
Навидум несвесно се навикнав да го прифаќам неправилниот пулс на моето срце, бидејќи мислев дека заслужувам да живеам во таа лабилна синергија. Па ако е тоа живот, сметката на секој судир на мојата глава со перницата се поблиску дише врз мојот накострешен врат.
И сега сфаќам. Доаѓа со многу висока цена.
По којзнае кој пат велат ѕвездите ја кријат во себе целата наша судбина која е неправедно откината од нашите животни патишта.
Знам што ќе лови мојот глад вечерва. Нив.
Редно е да ја нахранам мојата гладна параноја со спокојот кој толку време го заслужува.
Небото паѓа, мила... А ти наивна девојко, ми мирисаш на заборав.