Моменти
мали или големи но секогаш со свое одредено значење
моментите поминати како деца се најслатките,
најинтересните и најзабавните во сечиј живот
колку ли само посакувам да се вратат тие моменти
мали рачиња,мали ноџиња,мали чекори.
Не сме ни свесни колку е суров светот околу нас
наивно како сунѓерчиња ги примаме надворешните емоции
примаме добри но и лоши искуства
ја опипуваме средината околу нас.
Животот во тој период ни е една забавна игра
светот се врти околу нас и сме задоволни
правеме пакости,ги забавуваме роднините,си играме по улиците до ниедно време
се додека на цел глас не не алармира гласот на мајка ни која не собира дома.
наивни и изолирани од проблемите на возрасните-тоа е волшебството во детскиот период
тие моменти никогаш не се забораваат
играта преточена во задоволства кои не прават среќни
да-тоа се моментите кои не прават среќни
задоволни заспивавме секоја вечер и ги имавме најдобрите цртани филмови кои некогаш постоеле
знаевме за другарство кое го негувавме
посетувавме градинка и го мразевме моментот кога ни даваа благ ориз за ужинка
самото потсетување на детскиот период ми изнудува
искрена насмевка
тоа ми е доволно да се почувствувам на момент исполенто
исполнета со позитивна енергија и затоа со задоволство се навраќам на овој период
по кој сите копнееме и често се навраќаме
некако не сакаме никогаш да порасне во нас детето кое сите го поседуваме
наздравувам во името на детството-најубавиот момент кој е овековечен длабоко мо моето срце и така ќе остане засекогаш