Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Се сеќавам...
Тоа беше улица која поминуваше покрај гнездото на моето детсво,местото каде што безгиржно чекореа штотуку испилени мали суштестфа, местото каде што детската смеа се преплетуваше медодијата на брзоплетите славјечиња, со лаежот на маалското кутре.
Беше тоа сивило од врел нерамен асфалт, кој од далеку трепереше како оаза во мала пустина, чиниш бетонот вибрира и игра заедно со сончевите зраци, изгледаа како едно, тие беа едно, тие беа розеви...
И не така црно сивата улица беше црна, тогаш беше жива, улицата беше детско катче, улицата беше розева..
Се што се случуваше таму беше како од некоја разиграна детска бајка, шарено виножитно место кое што од безгришните мали испотени обрафчиња изгледаше како некоја страница од детските боенки во градинка...
Трчавме,пеевме, се смеевме... Бевме зелени и мали, а сепак големи и розеви
Бевме тоа што сега не сме, задно со улицата бевме како едно, безгрижни и чисти како утринската роса.Беше тоа круг оставен од розеви насмевки и безвременски игри, круг кој ги создаваше нијансите на розевата боја, круг кој се вртеше непрестајно и брзо..
Но сепак згасна. Пораснавме, улицата е црна и тивка, сива и додадна..
Се што остана е розевата меморија во нашите развиени бледосиви мисли, таа никога нема да згасне

Едит: Не сам пишуваја овакфи стфари од средњу школу, не ми се смејте мноо, само малце : )
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Случувањата во розевата улица

Една скриена насмевка
ги допира
прекрасните тажни очи .
Помалку исплашено,
пробува со еден убав мил збор
да покаже разбирање,
да би се заштитила надежда.

Познатите чувства на тага
се блокирани од мислите на стравот,
разумот успешно го одбива
обидот за прегратка.

Во срцето длабоко сокриена
со болка и сомнеж исполнета,
желбата за среќа
е со студенило обвиена..

После долго трагање
по љубов и сигурност,
една топла рака,
едно искрено срце,
еден нежен допир,
ги будат чувствата
за кои долго мислев дека се мртви.

И прекрасно тажните очи,
насмевнуваат верба, љубов и сигурност....

Некаде под расцветаните розеви
пупки на дрвјата, во розевата улица..
Еден човек и една жена...
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
случувањата на розевата улица

прекрасен ден а уште по прекрасни луѓе оклу мене се шетаат.заборавив како е да го чувствуваш мирисот на пролетта-прекрасности(flower)
решив да излезам,да се соочам со вистината полека тргнав,сосема сама со чувство на вина.
малку се нивните зборови,малку се зборовите кои можат да ми ја излечат раната на мојата душа,а сепак решив да прошетам
насекаде зумбули и нарциси,права идила-колку ли само ги обожавам (како во детството)
размислувам и мислите ми летаат,морам да бидам храбра па не сум само јас со ваква судбина,НЕ не сум сама
чувствувам солзи и сожалување за мене од сите,буквално од сите
ме гледаат во очи а сепак ме сожалуваат,не сум ни јас крива!
денес се беше за мене, вака розево организирано
ме пречекаа многу луѓе,како ли само се договориле да дојдат во толку голем број,ми изнудија насмевка на лицето:)
вреди за нив да го преживеам и овој ден(muscle)
и јас се облеков во розово,тешко ми оди да ви ја опишам таа улица целата розева,чудно ми падна зошто е розева но кога ги видов луѓето -сватив
излозите беа со розово,луѓето беа во розево а и држеа транспаренти,постери и балони во розева боја
сватив денес е ден на ракот против дојка,јас бев главната причина за тоа и успеав да ја победам таа страшна болест која остави длабоки траги во мојот живот
розева е да- улицата по која продефилиравме со транспаренти,убаво беше чувството кога знаеш дека не си сама и барем за миг да се занесеш од убавината на таа озева улица охрабрувајќи многу жени кои се во иста ситуација како мене(hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smile

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Случувањата на розевата улица

Тогаш беа млади , незапирливи..полни со сок ....учеа да зборуваат Македонски. А од спротива оние нашите , застанале под врелото сонце шо се замислуваше и се правеше дека му е август, ама не беше август, беше март. Да, беше март, оној убав среќен месец кога конечно после долго време се чувствува дека нешто убаво надоаѓа. Тогаш се будат нови мириси, нови насмевки, и неповторливо сини облачиња на небото. Од младите момчиња имаше некои што негуваа мустаќи па гордо ги поднаместуваа и меѓусебно нешто се шегуваа ама со погледот вперен се знаеше каде гледат тие млади мајкини души што очајно сакаа да излезат од сенката на довчерашно синче и внуче . Младите Косоварки румени и бели вешто ја криеја насмевката . Сонцето намерно ги осветлуваше тие интересни пегави обравчиња , па чиниш не се образи туку јагоди издигнати над шумската постела. Горе над нив црешите направиле чудо....ако некој го бараше Бога, во тој момент и тоа розево небо над нив, сигурно ќе го најдеше. Некои од по итрите момци беа излезени со новите пантолони, пред време сошиени за Велигден , па изгледаа по отмено и не толку аргатски. Дојдоа некои постари жени. Се наредија околу младите девојчиња и за момент исчезна таа платонска призма оти жените не беа баш добро расположени па изгледа ја искараа младоста со сета нејзина безгрижност и наеднаш сликата се смени. Девојките си заминаа со своите постари тетки , момчињата уште малку постојаа на другата страна од патот , како да знаеа дека тој беше тој момент и дека нема да има друг повторно ,оти не беше таа песна за нив да ја пеат. Нивната аргатската се знаеше каде се пееше. Таа година црешите беа највкусни и најрумени.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Не ме исполнува покор, душа од чедност и немир,
Не пропаѓам во безнадежност во таа врвулица,
Не копнеам веќе, само молк и празен свемир,
Изгубена кроткост на таа улица.
И спомени се сплотија, се галат и реват,
Помнам калдрма од розева боја,
Оние што се мечуваа, милуваа да вреват,
Останаа со кутија празна и неосвоена Троја.
Воздишки, соништа, песни со кашмирска мекост,
Пловидба со нив, зеници ми гали,
Таа розева улица во закрила ги крие, ги љуби со лекост,
Само јас и ти останавме туѓи, изгубени и мали.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Lena

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Ја и Lena иамо ист број на лајкови ама она е победник затој што мене поише ми се сфиѓа тој што она га напишала
А и ја сам каваљерчина : P
Дајте ноф предлог, овуј годину иде ми пишување овакфи стфари haha
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ја и Lena иамо ист број на лајкови ама она е победник затој што мене поише ми се сфиѓа тој што она га напишала
А и ја сам каваљерчина : P
Дајте ноф предлог, овуј годину иде ми пишување овакфи стфари haha
Другар ми бирај ти,
немам идеи моментално:)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Иииииии ја забраи на овој бе, џабе еду пицу сс туну : )
Па не ми текнуе у момент, не сам ич по наслови за теме , за ракја и вино сам заинтересиран ја :D
Нека пише Lena другар ми , данке унапред : P
Бива си га бе девојче за тија работе около поезију и сфашта : ) Поздраф
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Иииииии ја забраи на овој бе, џабе еду пицу сс туну : )
Па не ми текнуе у момент, не сам ич по наслови за теме , за ракја и вино сам заинтересиран ја :D
Нека пише Lena другар ми , данке унапред : P
Бива си га бе девојче за тија работе около поезију и сфашта : ) Поздраф
Другар ми,
абе ја и ти вака уште две години ќе си даваме предност:)
Ај нека биде,
"Моменти"
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma and parvati