Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Црно е.
Ме засенува твојата безличност. Кога те гледам како бесцелно талкаш, со сведната глава. Погледот вперен во сенките на минатото. Без глас, без никаков мирис си сеприсутна во мислите мои. Само допир на студеност. Студеност која истекува од твојата душа. Пробувам да воведам некој неред, еден вид на спонтаност. Боја каква што ти некогаш си посакувала. Ти пишувам тебе, ги отцртувам контурите на твоето лице, му додавам детали какви што и двајцата би ги посакале.
А потоа капка по капка. Бојам. Прво очите. Секогаш прво тие мили очи во кои назира душата на еден некогашен сонувач. Првите снопови светлина. Ги чувствуваме заедно. Ти, со своите очи, јас со срцето. Потоа носот. Да го почувствуваш мирисот на растреперените раце кои ја држат четката. Вознемирен од исходот, ги чувтвувам твоите воздишки. Најпрво забрзани, подоцна длабоки. Па ушите. За да го чуеш срцето како забрзано чука. Само за тебе. Кога го слушаш, румена боја го обвива твоето лице. Се плашиш од совршенството. Се плашиш да не го загубиш како еднаш, многу одамна. Останува уште сосема малце. Запирам и те погледнувам откосо. Усните ми се судруваат со празниот простор. Најпрво студен и горчлив, но отпосле мек и топоч. Усните се раздвојуваат и во тебе се раѓа таа препознатлива прониклива насмева. Среќен сум повторно што успеав да ти го променам животот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Roxelana, Luckky and Lena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
И јас сметам треба да се смени. Ако имаш некоја идеја за наслов може слободно. :)
 

Smile

Истакнат Член
6 февруари 2013
84
190
143
Па... може ... Случувањата во розевата улица?
Не знам не ми текнува..може и претходната Во земјата на чудата да се прифати што е до мене :)
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
„Случувањата на розевата улица“ или?