Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сиво

Чекорам по сивиот асфалт
по улиците на сивиот град,
покриен со сивото небо.

Тоа е градот на сивите луѓе,
луѓе со сиви души,
души со сиви срца,
срца со сиви насмевки.

Песната на птиците е сива,
детската игра е сива..
Прекрасната шума е сива.

Минатото е сиво,
сегашноста е сива.

Барам контраст,
боја,
го барам виножитото.
Барам живот во ова сивило...

Забуна во мислите,
лудило, врисок..

Молк..

Што се случи?

Поглед во огледалото..
Тоа сум јас..
Зелена..со црвени усни
и бело лице..
и насмевка со боите на виножитото
светлина прекршена во моите
очи.


Благодарам, живот..
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Додадете боја во животот - променете го

Зошто се ова? Премногу надеж, премногу очекувања - уште повеќе разочарувања.
Не е здодевно да се живее живот со вакво темпо: изненади се, понадевај се, па разочарај се... И секој ден една иста приказна испишана на белите страници во црниот тефтер, но со различни зборови. Едноставно не ја сакам оваа црно - бела комбинација, но како црна сенка ме прати - не ме напушта.
Сакам да додадам малку колорит, да има повеќе бои и нијанси, нови очекувања и изненадувања - но, без сите оние разочарувања. Сакам да го променам темпото на живот, да не е брзо - па бавно, туку да има некаква рамнотежа, да не оди од крајност во крајност и таа сенка што ме прати да ги има боите на виножитото.
Не остана ни ронка надеж во мене, се помали се очекувањата... Дали тоа значи дека нешто променив? - Не, но на добар пат сум. Оваа приказна не е иста како минатите, не се само зборовите различни, иако се повторно бели страните во црниот тефтер, тие се испишани со нови мисли и нова приказна, поразлична од вчерашната.
Не е суштината само во тоа да го промениш листот, да испишеш нов со иста приказна, туку да ја сфатиш поентата на вртењето на новиот лист - дека треба да напишеш нешто ново, на црното и белото да им дадеш колорит и само така ќе го промениш темпото на животот - тоа никогаш не е здодевно.
Восхитувајте се на боите кои ги сакате, тие ќе ја променат црната боја во друга, а белата ќе се изгуби покрај неа.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Тема за пишување во наредните неколку недели е „Додадете боја во животот - променете го“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin and ZmajChe

Smile

Истакнат Член
6 февруари 2013
84
190
143
„Додадете боја во животот - променете го“
Тој посегна и внимателно и ги откопча првите неколку копчиња од нејзиниот фустан.Ја крена во раце и ја втурна во кадата,а притоа своето голо мускулесто тело го спушти над нејзиното.Адреналинот растеше кога тој ја грабна за зглобовите и ја повлече во некоговиот скут така што нејзините раширени нозе се наогаа околу неговите колкови.Тој ги приклешти рацете околу нејзината половина ,и ја бакна,агресивно и жешко без игри и задевања.Повеке немаше каде да оди и кажа само -Моја си - и низ водата се разлеа црвена крв.Црвена која го обележи нејзиниот живот.Ова беше најголемата промена во животот,додавајки ја црвената боја ,промена на секоја девојка.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
„Додадете боја во животот - променете го''

Зима е , ја барам но неможам да ја најдам...
Каде е ? Се прашувам ?! И дуњите ги нема !
И црепот е празен ....каде замина убавата?
На везот сеуште стојат, но не се живи..
а јас не сум магионичар...јас не би можел така...
Велат таму далеку во гората, се појавила со боја на злато...
И оној што мижел никогаш не ја видел....
чудно ...
Велат духот твој можел да ја види...ако претходно знаел бисери да ниже...
Но како си реков?!
Јас имам само срце!- Промени го дете !
Дозволи и да влезе, отвори и врата....мудроста спремна чека ....сака љубов со тебе да води...
И бисерите ќе се родат....и гората ќе ја најдеш ...И само треба да сакаш! И таа златна боја
во живот ќе те врати!
Сфатив мудрост, сфатив !!!!
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Велат дека не знаеш кој си , се додека не го изгубиш сето она што си бил. А што ако јас го изгубив? Се изгубив на палетата на судирот на примарните и секундарните бои. Зошто? - Би прашал некој.
Зошто слатката имагинација делува поутешителна од суровата вистина. Зошто лагата ја замаглува далечината на хоризонтот на вистината. Зошто лажираната насмевка е постабилна од напукнатата емоција скрена под неа. Зошто звукот на тишината е поутешителен од врисокот на твојот глас, задушен од масата.
Акварелот е всушност многу интересна работа. Го гледаш како преминува од својата светлост до својата мрачна контраст. И обратно. Трагаш, бараш и дејствуваш за да ја добиеш добитната нијанса. Додека во меѓувреме, тоа што се создава и случува е она вистинското, маестрално дело. Совршено? Ох, далеку од тоа. Сепак убавината не лежи во совршенството. Убавината е она парче , оној откинат низ од хаосот наречен цртеж, што поради непознати причини ти прираснува за срце и се згрутчува под неговите закрила. И тоа е она што го рефлектираме низ ирисот на нашето око.

Велат дека секој ги доживува боите различно , поради фрекфенцијата со која ги перцепира.
За некого е сива. За некого розева.
На крај, не е важно со каква фрекфенција ме доживуваат се додека четката е во мојата рака.. И преостанува само да бојам..
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
За да нацрташ слика ќе ти бидат потребни боици што ќе ги добиеш од мене,па обои го животот,нека бие полн со шарени авантури,па потоа обои го погледот на светот и нека во твоите очи биде нешто посебно,обои го денот со боите на виножитото и моменти за паметење,нека се биде обоено со спектарот на љубовта за која вреди да се живее,обои се себе и сите околу тебе со блескава насмевка па потоа со четката обои ги мислите и чуствата со топли,чисти и весели бои на среќата,со неколку потези на четката обои го времето со боите на ведрото небо кое ги разведрува тешките облаци,потем обои го патот на радоста и затрчај се по него со раширени раце и како последно обој се себеси одвнатре и однадвор да зрачиш и сјаеш додека одиш низ животот.

Многу,многу бои
path-of-many-colors-48x601.jpg
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ке погрешам ли ако напишам дека во мене постојат две личности.
Едната е креирана од твоите бои.
Ти ја промени.
Основата кај двете е иста.
Очекувањата,желбите,потребите,ахх колку им се само различни.
Се каам ли?
Се разбира дека Да!
Сега ништо не ми е доволно.
Не постои ништо што може да ми удоволи.
Се е потешко.
И зрното песок,капката вода се моите препреки.
Животот е пак шарен,но боите матни.
Можам без тебе,знаеш дека можам,но не знаеш како?
Не знам ни јас.
Џабе ми се сите бои,кога мегу нив не си ти.
538864_484145864943080_1420306938_n.jpg
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
08.13.10

боја за тебе

Да одбирав денес боја за тебе
и да можев со неа да го обојам
целиот твој свет,
ќе одберев само една боја за тебе,
онаа што всушност боја и не е,
а бескрајна магија во себе крие
да биде боја само за тебе
да ги имаш со неа сите бои на овој свет.