Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Се гледам во огледалото, сиот сум прекриен со црвенило. Погледот го лоцирам на местото каде што викаат било срцето. Тука црвенилото е најголемо.
Гори, како некој да ме испрскал со бензин и како да фрлил чкорка врз мене. Сето тело ми е со изгореници.
Ме пече, изгорениците создаваат болка од која ми доаѓа да полудам, или веќе полудев? М, којзнае, можеби веќе зборовиве ги запишувам во афект на лудило.
Гори, во сопствената кожа се чувствувам како странец, како некој да ме брка да излезам од неа.
Гори, нека сопре веќе еднаш, ќе излезам ветувам, ќе го избркам странецот само нека престане агонијава.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Во своја кожа. Што беше тоа?
Веројатно, во своја кожа додека те држев за рака. Во своја кожа додека те гледав како се смееш. Во своја кожа додека те прегрнував. Во своја кожа низ деновите поминати со тебе.
Сето тоа спакуван во голем куфер. А тесен е. Претесен за сите чувства, спомени, желби и надежи. Претесен за да собере се што беше во моја кожа. За да се затвори и спакува се што бев јас во своја кожа.
Насила земено, со влечење отргнато од мене.
Талкач по сивилото на јануарските улици покриени со магла. Мечтател низ украдените сонови. Тажен питач, сиромашен за само една единствена насмвка.
Од тогаш сум се, секаква и секаде, освен во своја кожа.
Во таа точка би се вратла единствено ако пламенот ги согори сите трошки со кои се хранам...
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Во своја кожа

Портите широко отворени, а во дворот расплакани лица. Жалеа по човекот. Пред куќата тишина, а во неа плач, плач на мајката, плач на сопругата, плач на децата.
Се качив на првата скала. Се беше чудно. Но нешто како да ме туркаше наназад. Не сакав да влезам. Но, сепак се одлучив да го минам потешкиот пат и да влезам. Луѓе стоеа околу мртовецот. Плачеа над него, солзи паѓаа и се лизгаа по неговото лице, се чинеше дека и тој плаче за сопствената смрт. Му зборуваа, а тој како да ги слушаше, како да ги тешеше во тешките моменти, како да се обидуваше да им каже дека се ќе биде во ред. Дека тој ќе ги гледа некаде од горе.
Луѓе поминуваа и заминуваа за последен пат пред него. Му палеа свеќа со зборовите:„Бог нека го прости“. Тешки зборови, болни зборови, посебно за семејството. Стари и изнемоштени лица го надживеале и дошле да го посетат за последен пат. Болно.
Човекот не го познавав. Но, чест треба да искажам, почитување кон школскиот другар за загубата на неговиот татко. Само тој кутриот знаеше како му е во моментот.
Голема загуба претрпи. Плачеше и стоеше на вратата додека сите му искажуваа сочувство.
Не би сакала да се најдам во негова кожа. Нели никој не сака да ја има туѓата кожа врз себе, а од својата не е задоволен. Само во ваквите моменти сме среќни што сепак сме во нашата кожа, а обично им кажуваме на луѓето дека не сакаат да се најдат во нашата кожа.
Но, овој пат тој сигурно посака да биде во мојата кожа. Да биде среќен во тој момент, а не да тагува над мртвото тело од татко му.
Стигна и мојот ред да запалам свеќа и да му оддадам почит на мртвиот. Го погледнав за прв и последен пат во животот, а посакав тоа никогаш да не се случеше.
Ахх, мојот другар на вратата стоеше и ги бришеше солзите.
Стигнав до него, му изразив сочувство и како да посакав да го утешам, но не беше ни место ни време.
Излегов од собата. Слегов по скалите. А кога стигнав до последната скала помислив колку е тежок животот. Колку само ги повредува луѓето. Но, зошто? Зарем мора да биде толку суров? Мора ли?
Излегов од куќата и го вдишав чистиот воздух. На момент ме облеа среќа бидејќи тоа сум јас и бев среќна во својата кожа.
Го напуштивме местото. Како со душа тоа да го чекавме. А дали нашиот другар ќе сака некогаш да го напушти местото? Не! Никогаш. Тој вечно би бдеел над татковото тело, би го чувал како последното нешто на светот, би посакал да го врати времето. Но, ете. Таков е животот суров и не праведен, но ние сите мора да продолжиме понатаму без оглед на загубите, без оглед на не успесите, без оглед на се. Бидејќи секоја загуба, секој неуспех, со себе носат бранови со успеси, бранови со добивки, бранови со добри нешта!
 

Smile

Истакнат Член
6 февруари 2013
84
190
143
~uvstvoto da si vo moja ko`a...


Se {to posakuvam ve~erva...

Црвена свилена постела и неколку црвени рози...
Малку црвено вино во кристалните чаши,
тивка музика и неколку свеќички....

Da go frlam vo zaborav minatoto,
Da ja pobedam bolesta...
Da go po~uvstvuvam ko za prv pat mirisot na vozduhot..

Ne nema da mo`am...
Strav mi e..
Izgledam kako malo prepla{eno devoj~e sednato vo nekoj ko{ vo temninata..

No ke probam..
Znam deka ke uspeam bidejki nema da se otka`am,ne sega,ne ovoj pat,nikoga{ !
Ovaa bitka e moja !
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Бидејќи ZmajChe има најмногу лајкови, таа нека одбере тема. Змајче скаш темата пред малку што ја предложи или пак некоја друга?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio, ZmajChe and Lena

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Бидејќи ZmajChe има најмногу лајкови, таа нека одбере тема. Змајче скаш темата пред малку што ја предложи или пак некоја друга?
аууу :sram почестена сум.. :wavespin може темата што ја одбрав ... „Додадете боја во животот - променете го“
Благодарам на лајковите :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Lena