Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Хммм може ли : ,,Ако некогаш се вратиш'' ?
Вака афтерпартизирана (шо би рекол Парва) таа тема ми дојде прва :)

Не може!!!
Премногу очајнички ми делуе :DDD

Се зезам, секако дека да. Как ти пожелајеш.
Модератори DarkPassenger Sarah насловот? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma and Aleksis

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
А да има ваква тема со менување на наслов и Поезија?:unsure

Темата е за поезија и проза. Така да двете се вклучени. Но под поезија треба да се запази правилото да не се смета хаикуто тука.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Ако некогаш се вратиш

Не враќај се! Не ми требаш.....ти таго непристојна, се дразнеше да ми го одземеш духот,....ти таго зло !!!Ако некогаш се вратиш , знај, јас ја заковав својата врата и сошив завеси од номадски нишки....ни вода ни леб не ќе ти дадам....и кучињата ќе те лаат додека заборавиш која си и од каде си....и ветрот ќе те дува наназад...тебе таго непристојна , и пилците ќе те колваат и морето не ќе те сака. Ти што еднаш светеше наоколу, ти дразнице што курвински ми влезе под ноктите. Водеше љубов со мене на месечини и ме јадеше. И снег во мене насади. Искра да пуштам не даде! Ти љубов не љубов образите ми ги исколва. Ако се вратиш некогаш Аполон ќе ти пресуди.....ќе истурам сонца врз тебе и не ќе можеш да ме препознаеш. И патот со трње ќе го насадам и нозете ќе ти крварат. Непристојна. Ти веќе немаш моќ. Ноќта бега од тебе! А денот не те ни познава. Никој не ти остана. И камењата пустината ги прибра. Од тебе и Амбисот се огради.....нозете веќе ти крварат. Ти одиш , ама не одиш , ни сенка имаш, ни лик имаш....и ако некогаш се вратиш.....немаш !
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Ќе ја оставам вратата подотворена, ако некогаш се вратиш, да го препознаам твојот од врз голиот под. А сигурно ќе го препознаам. Лесен и кроток, додека моето полузаспано тело мрзеливо преде на раното сонце.
Ги чувам и нашите црвени шолји. Ако можеби, се вратиш, и го донесеш здивот на врело кафе низ бакнежот на моето чело. И пак моето тело ќе се наелектризира со твојот мирис.
Ја чувам и твојата бела кошула потурена со вино зошто се што сакав тогаш беше да танцувам. Ако некогаш ненамерно, случајно се вратиш и ми ја донесеш твојата громогласна насмевка додекаја навлекувам на себе.
Го чувам привезокот – чевел на мојот автомобил. Ако некогаш, од лудост, одлучиш да ми го вратиш чекорот на сите наши авантури, ноќните патувања и милионите ѕвездени затишја на сонцето во твојот опфат. Додека нашите погледи се сеуште толку млади. Само тоа ми е доволно и итаме кон бесконечноста. Само јас и ти.
Уште го имам истиот монотон поглед додека го напушам своето засолниште и се протопувам со секојдевното рутинско сивило. Да тој истиот, што успева да го сокрие шарениот хоризонт од целата толпа. Само од тебе не. Ти секогаш знаеш што се крие зад него. Како два духа кои се среќаваат некаде помеѓу безброј сенки. Или обратното.
И стариот син чадор го чувам. Чисто, за среќа. Уште се надева на промена на небото и дека повторно ќе завршиме јас и ти заедно под него како некогаш, засолнети од бесот на ангелите.

Тука се сите фотографии, сеќавања и мигови.
Нашите правилни и неретко, погрешни избори.
Извлекувања во глувата доба за долг пресрет на два погледи.
Нелогични постапки и моменти на пеколна љубов.
Банални караници и уште побанални смирувања.
Клише љубовни имиња и милозвучни прекари.
Недозавршени соништа и планови кои сеуште чекаат на нашата приказна.

Никогаш нема да бидам најшармантната, најхумористичната и најнормалната што некогаш ќе ја сретнеш. Ниту најубава и најпаметна. Знам да бидам тешка кукавица, да се изгубам на пола пат во сопствениот свет и ако се појавиш пред мене ќе знаеш дека сето тоа го навистина го мислам.
Но тука сум. Зарем тоа не значи се'?
Јас сум тврдоглаво тука.

Ако некогаш, барем на минута, макар на секунда - се осудиш да ми се вратиш.