Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ако некогаш се вратиш


Кое чувство на слобода.
Јас дишам повторно.
Учам да дишам без тебе.
Лебдам низ просторот со насмевка слатка.
Без товарот кој
ми го создаваше.
Се губам во мигот и живеам.
Колку е само магично да летам
на крилјата на убавината која
ме опкружува,
до ѕвездите и назад,
низ длабочините на бесконечноста,
во очите на детето.
Патот е полесен без тебе.
Ако некогаш се вратиш,ќе се насмеам
и нема да дозволам да ме обземеш,
иако постоиш како дел од мене.
Знаеш,
само ќе се свртам ќе те погледнам мило.
Не,јас нема да потклекнам повторно
под твојата моќ.
Ќе ги слушнам твоите зборови,
ќе те погалам нежно и ќе заминам по
оној пат кој води до портите на среќата.
Без тебе.
Ќе бидам само јас.
 

Sar4e

Нов член
25 август 2013
3
4
3
27
Ако некогаш се вратиш

Ако некогаш се вратиш,ќе знаеш како љубовта гореше.
Ќе сфатиш колкав пламен имаше.
Ако некогаш се вратиш,ќе видиш само пепел.Пепел кој веќе неможе повторно да се претвори во оган.
Ако некогаш се врати,знај дека нема да ме најдеш.
А ако сум сеуште таму негде,талкам,знај дека нема да бидам истата,таа што те сакаше со целото срце и душа.
Ако некогаш се вратиш,немој да се обидуваш да ме направиш своја,нема да ти успее.
И ако некогаш се вратиш,сети се дека ти си тој што си замина,а не јас...
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Марија, ти си на ред да бираш наслов.:zelen

*немисеверуе


Зошто е ѕвездичката ? :place толку ли сум лошаа :place
А оваа недела ајде да пишуваме на зададена тема : " Сите твои имиња "
@Sarah , DarkPassenger некоја од вас нека го промени иемто на темата : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Lena and Saladin

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сите твои имиња

Што ако немам збор со кој можам да те наречам и опишам?
Што ако секој еден збор ја губи својата вредност во споредба со она што си ти?
Би можела да те почуствувам,но не и да те опишам.
Би можела да те повикам без да го споменам твоето име,би можела да те слушнам без да го чујам твојот глас.
Тишината зборува..
Тишината те опишува..
Зборовите се сувишни и непотребни.
Ќе те наречам човекот без име.Тоа би било единственото име кои би ти го дала..
И со тоа ќе створам совршенство од тебе,нешто кое не се опишува со зборови.
Човекот без име..човекот кој не постои,а е толку присутен..зарем името ќе го смени она што си ти?
Не ми е потребно име да те сакам..
Не е потребно,воопшто не.
Името ќе ти даде облик,ќе ти даде форма..
Ќе те направи несовршен во секоја смисла.Остани за мене,човекот без име.
Така ќе е најдобро,чинам...
Остани за мене,ти...
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Сите твои имиња

Болката се претопува во твоето име, и веќе не можам да ги разделам.
Чувствувам болка онака како што некогаш го чувствував твоето тело покрај моето, онака како што твојот допир го осеќав по мојата кожа.
Тагата се разлева во секое ќоше од мене, се развлекува над твојот лик и веќе не можам да ставам граница на она што си ти и на она што е таа. Сега сте заедно. Во пар одите, и така ве дочекувам.
Се заморувам, ги затворам очите и пробувам да ја избистрам главата. Се насмевнувам зашто така се навраќам на твојата насмевка. Начинот на кој што ти се смееш прави да заборавам на сите бури кои ги преживувам, но момент потоа ги отворам очите и твојата насмевка е новата бура со која треба да се соочам.
Зашто те нема до мене, да се насмевнеш и се да помине, немам што друго да направам па врескам со сиот глас. Тоа е крик на болка, тага и очај.
Тоа е крик на твоето име.
На сите твои имиња заедно собрани во едно изнемоштено, плачливо врискање...
И никој не знае кога велам љубов дека мислам на тебе, никој не знае дека среќа, насмевки, тага, болка и љубов се сите твои вистински имиња собрани во твоето постоење некаде далеку од мене.
А знаеш ли ти љубов? Знаеш ли таго моја неминлива, болко моја непреболива, знаеш ли среќо неразгорена?
Изгледа не знаеш, не си ги знаеш имињата. Сите твои имиња.
Да ги знаеше немаше да останеш глув и да дозволиш беспомошно да те довикувам со сите твои имиња и на ниедно да не погледнеш назад...
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Сите твои имиња

Кој ги знае колку се?
Или можеби е само едно, едно кое никако не можам да го прифатам?
Име кое и покрај филозофирањата навечер во ниедно време, сепак наредниот ден смогнува сили да ми се јави и да ме праша како сум.
Е тоа име ти го обожавам.
А што е со оноа име, поради кое не можам да ги соберам остатоците од себе?
Покрај толку имиња и лица, го загубив своето.
Јас не сум повеќе јас, јас сум едно старо некогашно име кое што стои во сенка на тоа што некогаш беше.
Се изгубив помеѓу сите твои имиња.
Повикувајќи го она што мислам дека ти е вистинско, а секогаш испаѓа некое друго, ново.
Може ли да си одберам едно, едно име според кое ќе знам дека за мене си тоа ти?
Името кое ќе биде само мое?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mistery :) and Luckky

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Таа, по ништо различна вечер од сите останати, ме поведоа во зачадена соба со искинато кадифе, алкохол и безброј непознати лица. Тоа нешто Тие го нарекуваа забава. ,,Не припаѓаш тука, твојот немирен поглед ми го кажува тоа. Ајде” Тргнав, а на замагленото стакло од автомобилот низ танцот на капките дожд напишав - ШАНСА.

Ми рекоа дека сум ти само уште една авантура. Уште една бурна вечер и илјадници преспиени утра што ќе следат. Грубо и цинично. Без трошка срам, само низа зборови кои само од нивното спомнување знаат да те пресечат. Не. Срамежливо ги одбив.
Од тебе чув само едно кратко но длабоко ,Верувај” . И трапаво нашкрабав ВЕРБА.

Никогаш нема да успее. Сомнежи. Таму не припаѓаш.
Околку нас мал милион надвиснати планини од тежина , темни кругови под светли очи и изгребани колена.
Не осудуваат.
”Остави ги”, ми рече суво. Шепотот на љубовниците – Тие не го разбираат. Им одмавнав со ракавот, и збунето и необјасниво запишав - ЉУБОВ.
Дури сега сфаќам дека беше прејака светлина за Мракот. За Нив.
Знам дека го можеш ова. Немој сега. Поради нас. Ќе помине. Изгребав – ВРЕМЕ.

Го фрлија твојот лик во прав, заборав и ги разграбаа остатоците од нашиот спокој. Злобните ,,Тие”.
Никогаш. Не сега. Не тука. Не и ова. Не и јас. Не дозволив. Стана моја филозофија. Допишав ВЕЧНО.

Сега те нема. Ја нема и нивната врева. Се отргнав од ,,Тие” и сфатив колку без припадноста кон нив си се чувствувал сам додека си ги градел скелињата на моите соништа.

Сега стојат само имиња. Грст имиња слеани на едно стуткано ливче хартија. Сите твои имиња. Имиња кои ме направија сето она во што Тие се сомневаа. Пет букви. Борба, надеж, среќа, силна... Твоето име.. Твоите пет букви...
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Сите твои имиња

Познаник.
Доаѓа тивко, често е со мене...
Небитен е, но има нешто во него, нешто што ме потсеќа на мене.

Пријател
Две тела една душа.
Јас и тој, најдобри пријатели.
Исти мисли, исти реакции...
Не е единствен, но има нешто во врска со него што не ме остава рамнодушна.
Сакам повеќе од присуство...

Љубов
Едно тело, една душа.
Јас и тој, заљубени пријатели...
Единствен е, тој е оној што го барав, што ми недостигаше за сликата да биде комплетна..
Не сакам веќе ништо-имам се!

Разочарување
Три тела и едно скршено срце...
Јас, тој и таа.
И едно големо разочарување.

Солзи
Јас, сама и скршена од болка.
Многу помешани чувства кои не можат да издржат повеќе потиснати под насмеаната маска...
Многу многу солзи.
Секоја наредна повеќе боли од претходната...

Тага
Јас, но тоа веќе не изгледа на мене.
Те нема, но живееш насекаде.
Не заслужуваш, но те чекам.
Не заслужувам, но патам....

Заборав
Сончев зрак го осветли моето лице.
Те нема, но не заприметувам....
Единствено го заприметив повторно оној сјај на моето лице кој долго не сум го видела...
И ми се допадна.
Тоа сум вистинската јас, моето име е борец.

А ти мој познанику, мој пријателе, моја љубов, солзи и разочарување..
Моја таго..
Те праќам во заборав, ти моја лекцијо, заедно со твоите многубројни други имиња и лица!