Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Може две во едно?


You are no stranger to love, when I know all of your names
When I call them, all that you remains
Worlds that I have seen yet never been forgotten
I wish my time was not that ever so rotten.

___________________________________________________


Го имам тоа чувство како одсекогаш да те познавам. Ги поставам границите, ги обликувам контурите на твојата душа, и тогаш нешто се сменува. Линиите добиваат поинаква форма, на некаков бегалец, кој молчешкум се измолкнува од моите мисли и повторно ме наведува од почеток да ги исцртам контурите. Ги шепотам твоите досега познати за мене имиња, додека ти измислуваш нови. И секогаш во таа бескрајна игра на мистичност. Те барам, за да се пронајдам себе, те гонам за да останеш во моите мисли. Вечното трагање на сите твои имиња.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Исто имаме, ама ете јас ќе ти ставам лајк не сум ставила нека биде регуларно :)
Честито.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Наутро многу тивко станувам од кревет.
На прсти чекорам низ собата.
Речиси без здив ги облекувам белата кошула и фармерките.
Безшумно ја отворам вратата од тоалетот.
Стравувам дека ќе ме дотолчи се што уште еднаш ќе премолчиме.
Неизбежно, две минути пред зад себе да ја затворам надворешната врата од станот, ја пуштам водата од чешмата да тече.
Со четкичката ги четкам забите.
Тогаш се буди тој.
Наслушувам како станува од креветот, го слушам паркетот како крцка под неговите чекори, знам се приближува, а миг потоа го гледам неговиот одраз во огледало.
Во истото огледало во кое се огледувам јас, четкајќи си ги забите.
Го гледам неговото збрчкано чело, полу затворените очи и тенките усни.
Мускулите му се исцртуваат додека несмасно посегнува по пастата.
Не зборуваме.
И двајцата немо сме посветени на четкањето заби.
Стоиме еден до друг, блиску, а толку далечен го чувствувам.
Веќе не распознавам дали нешто го загрижува, што го радува, не знам што размислува. Веќе не го познавам.
Не намерно ни се допираат рацете, но неговиот допир не ми ја наежува кожата како некогаш.
Неговиот допир ми е непознат, исто како да не ме допира.
Само повеќе ја зголемува празнината.
Ја проширува дупката меѓу нас.
Меѓу мене и странецот во огледало.
Странецот во огледало кој некогаш со зборот љубов се пишуваше.