Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Кога доаѓав очите ти беа полни со солзи,
меѓутоа тоа беа солзи радосници,
кои беа огледало на твојата чиста љубов и добрина.
Кога си заминував пак ги гледав солзите
кои ти го квасеа предвреме остареното лице,
а сепак толку топло,мило
но овојпат не беа исти,го немаа тој сјај,
сега во нив се чувствуваше една огромна тежина,
чиниш ако капнат,тлото под нив ќе го снема.

И тогаш тој кобен ден пак ги видов солзите,
но сега беа сосема поинакви,
во нив се отсликуваа стравот и ужасот,
се отсликуваше болката....
смртта.
Како да оставаа бразди додека се тркалаа
по твоите образи,
Залудно пробуваше да ги сокриеш.
И јас и ти знаевме дека тоа е последен пат.

И моите солзи сега течат,
проклето ми недостигаш,
ама додека мојава душа
не го напушти телово,
ветувам нема да заборавам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

Wesley

Нов член
24 јуни 2013
6
18
3
36
Одлична тема. Скромно би прашал, дали секој е добредојден да пишува тука? И ако може да ми објасните како се одвиваат правилата? однапред благодарам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead and Марија

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Одлична тема. Скромно би прашал, дали секој е добредојден да пишува тука? И ако може да ми објасните како се одвиваат правилата? однапред благодарам.


Секој член на црнобело форумот смее да пишува на моменталната тема. Добродојден си, ние едвај чекаме да прочитаме и нешто твое : )
Една тема е активна една недела, оној член чиј текст кој има најмногу допаѓања во текот на неделата го одредува насловот за пишување за неделата која следи : )
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Што велите да менуваме? Се согласувате?

Демек сеа ти тепаше па ај :D

Бујрум наслов, и после кога ќе го склопиш, не заборави да ја тагнеш Sarah.

Честито победа иначе :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Демек сеа ти тепаше па ај :D

Бујрум наслов, и после кога ќе го склопиш, не заборави да ја тагнеш Sarah.

Честито победа иначе :D

Ма не, јас се извинувам ако делував нападно ама ќе пишувам, ќе се занимавам нешто :zelen Фала ти :sreken

Темата нека биде: ,,Куфери, патишта и патокази" - Sarah те молам смени :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena, JaMi and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ма не, јас се извинувам ако делував нападно ама ќе пишувам, ќе се занимавам нешто :zelen Фала ти :sreken

Темата нека биде: ,,Куфери, патишта и патокази" - Sarah те молам смени :)
Убава тема избра
Честито на победата:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Luckky

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Се радувам а истовремено сум тажна...
Го пакувам мојот црвен куфер и истовремено низ глава ми се премотува филмската лента од нашата љубовна приказна.
Секој момент поминат со тебе е сочуван во свилено марамче врзан со најубавата панделка.Секое марамче е спакувано во мојот црвен куфер и намирисано со твојот парфем.
Црвен е да,каква коинциденција...како што црвена е бојата на љубовта така и мојот куфер е полн со моменти од нашата љубов.
Ќе бидеме далеку, но не се плашам од далечината, нас не спојува нитката исткаена со срцето. Далечината само ќе ја зголеми нашата љубов,ќе направи да си недостигаме повеќе.По какви патишта и да одиме ние секогаш ќе се вратиме на оној нашиот,затоа што сме водени од најубавиот патоказ што секој го посакува а тоа е Љубовта.