Ма да нека ја забранат доколку имаме повисоки стандарди во нашата државичка , не би имало никаков проблем да се купи оргиналот .Ама вака добро ни е со пиратеријата ,па и онака зашто служи интернетот
Како што рече некој во темава ... секој програмер го продава кодот на некое капиталистичко ѓубре у некоја компанија, кој после прави капитал со неговиот код ... би платил, да знам дека ќе стигнат парите до крајното лице, произведувачот на таа програма, но знаејќи дека ќе отидат кај некој бирократ, CRACK FOR THE WIN!!Ама вие не ме разбирате мене :/ јас кажувам од аспект на програмер :/
Сеа мешаш баби и жаби да бидеме искрени. Да можеше некако да се копираат хардверски компоненти за ич пари мислиш дека некој ќе купуваше оригинали? Да не беше пиратеријата ни големите компании немаше да имаат капитал. Тоа е како бесплатно рекламирање за нив. Да речеме еве јас дома си користам Windows OS пиратска верзија и сум си задоволен од тоа што го нуди. Утре отворам фирма и приморан сум да користам лиценциран софтвер. Што мислиш, каков ОС ќе ставам? На крупен план пиратеријата не штети никому.Па и тие пари можеш да ги дадеш на било што друго, отколку на лиценциран софтвер. Кога нешто го сакаш, логично е да го купиш. Ајде вака, нека ти дадат SSD SATA 3 Kingston бесплатно, што викаш? Зошто да фрлаш пари, освен ако не ти се падне на лото...?
Да беше само замунда Ами кај се warez-bb, piratebay, kick-ass, torrent-leecher, yu-forum и уште еден тон другидоволно е само едно да спомнам.. Да живее Замунда
Да беше само замунда Ами кај се warez-bb, piratebay, kick-ass, torrent-leecher, yu-forum и уште еден тон други
Да го видиме твојот софтвер и трудот што си го вложила па да видиме дали сме за или против пиратерија.Ама вие не ме разбирате мене :/ јас кажувам од аспект на програмер :/
Во колумната Пирати на порталот мкд.мк ,Ристо Апостолов , член на групата Водолија пишува дека секое нешто независно дали е опипливо или неопипливо важат истите правила и закони.
Ако толку сте сигурни во ова што го тврдите тогаш имам една мала задача за вас.
Ова погоре е една банконата од 100 евра која конвертирана во македонски денари има вредност од окулу 6100 денари. Сумата не е воопшто лошо со оглед на тоа дека голем број на луѓе во нашата држава поминуваат цел месец со оваа сума на пари иако знам дека вашите хонорари се многу поголеми од ова.
Банкнотата во овој случај е неопиплива, односно можете само да ја видите на мониторот, но не можете да ја почувствувате во вашите раце или во вашиот паричник, но според вас независно дали е опиплива или не си има своја вредност. Вредноста на оваа банкнота ви ја споменав погоре.
Е сега мојот предлог за вас гласи : со овие 100 евра ви плаќам да дојдите да ми ги средите сите овие купишта хартија што ми се наоѓаат по фиоките и на бирото. Не е нешто тешка работата и може да ви одземе кратко време , но не заборавајте дека за тоа ке добиете 100 евра.Понудата е повеќе од великодушна иако знам дека еден ваш хонорар е далеку поголем од ова, но сметајте дека ова ке ви бидат најбрзи најлесно заработени пари во животот. Всушност го повикувам секој оној што се согласува со Ристо да повели да ја прифати понудата.
Друго шо сакам да кажам е тоа што велите дека ако немало пиратерија ке се отвореле повеќе работни места, киносалите ке биле отворени, ке никнеле нови продавници за ЦД и слично. На ова само ке кажам и бабами да беше машка ке ја викав дедо. Ве молам да ми дефинирате што подразбирате под пиратерија. Дали сте слушнале за правото на фер користење? е ако не тогаш да ви објаснам шо значи тоа. Правото на фер користење подразбира слободно даунлодирање на софтвер но забрана за комерцијална употреба.Тоа значи дека јас ке можам слободно да спуштам некоја песна од Водолија но да немам право да ја продавам. Јас ке ја имам песната, ке можам слободно да ја слушам во домашни услови но сепак доколку некој сака да ја искористи песната за некаква реклама да речеме, ке мора да се обрати до вас или до членовите на групата.
Кога спомнавте купување на оригинални ЦД ми дојде една мисла. Јас ке ја прифатам вашата сугестија и ке купам ЦД од вашата група водолија и ке платам 100 или 200 денари независно од цената и ке го имам во физичка форма ЦД.Ке можам да го допрам. Во тој момент јас ке побарам од вас да ми платите за тоа што ве рекламирам. Јас кога ке го пуштам ЦД пред другари дома, јас на некој начин ве рекламирам вас и вашата група. Јас сум го купил ЦД и тоа претставува моја сопственост но вие ке мора да ми платите зашто јас ве рекламирам. Истото ке треба да го направите со сите телевизии и радио станици што ке ја пуштаат вашата музика.Замислете колку би требало да платите за беспалтните реклами шо ви ги прават. Во моментов јас ја слушам вашата песна Сеќавања на јутјуб. Замислет дека треба и нив да им платите..
И за крај да ви кажам дека ако украдите нешто од продавница тоа повеќе не постои таму и затоа сте добиле кривична пријава, додека ако јас спуштам ваша песна од интернет таа сеуште постои таму, јас едноставно сум направил кпија а оригиналот сеуште постои. Ова сфатете го преку овој пример: Доколку јас видам вие каков велосипед имате и јас дома си направам копија, и јас ке имам велосипед и вие ке си го задржите велосипедот. Јас не сум украл ништо само сум копирал.
Размислет за вашите ставови окулу пиратеријата изнам дека како музичар може ви пречи тоа што некој без да платил ја слуша вашата музика но размислте дека ако на некој м усе допаќа она што вие го правите со сет осрце ке плати карта и ке дојде д аве гледа на некој ваш концерт. Така на некој начин ке плати за она беспалтно слушање.
Живела Пиратерија и слободниот интернет !!!
Само да напомен дека немам ништо против г-дин Ристо Апостолов и групата Водолија, напротив јас сум нивни обожавател и им посакувам успех на музичката сцена во македонија и надвор од неа. Ова е текст инспириран од неговата колумна Пирати на веб порталот МКД.мк
http://www.mkd.mk/29132/kolumni/pirati/ линк од колумната