Паричка на Бадник или на Василица

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Ние во маало со комшиите за Бадник палиме оган ии тамо се крши паричка,а инаку со семејството за Василица :D
Исто е и у полошкиов регион. За Бдник се пали огин у маало, доаѓа поп и ја врти погачата со 5 паричиња, со кои се бираат новите кумови, а за Василица се прае комат со 1 париче и се врти со семејството. За Василица се пали огин само у селата, а за Бдник само у градојте.
 

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Исто е и у полошкиов регион. За Бдник се пали огин у маало, доаѓа поп и ја врти погачата со 5 паричиња, со кои се бираат новите кумови, а за Василица се прае комат со 1 париче и се врти со семејството. За Василица се пали огин само у селата, а за Бдник само у градојте.
и ја за полог зборев.. :D
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Nordic Celt кирилица плис. :D

Инаку, кил ми, ама јас пак не сум знаела дека на Василица кај многумина се прави лепчето со париче.
Кај нас сите на Бадник одат во црква, земаат гранчиња, вода, ово оно и после дома се крши паричето.
Ќе ги терам моиве да прават, чисто да си го смирам егото оти Бадниковово не се падна во мене. :place
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
И ја не сам знаја до пред некој дн дека некои не праиф парку за Б'дњак
Ни на крај памет дека за Васуљицу ( хаха кој северан превод еј ) се крши леб као за Б'дњак..
Али што е туј е, битно да смо жии и здрави док смо жии : )
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Отсекогаш било за Василица. Ама во Македонија две соседни села можат да имаат различни обичаи :)
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Лепче поточно мазник со паричка вртиме на Василица. Таква ни е нас традицијата во Битола ама сега гледам дека се појќе фамилии кршат лепче и за Бадник. Некои и за двата празници си прават лепче со паричка. Ама јас веќе сум навикната за Василица :)
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Гледам различно е секаде.
Јас откако памтам за себе, лепчето со паричка го вртиме на Василица, ама знам и за семејства кои тоа го прават два пати - и на Бадник и на Василица. Тоа ми е некако несфатливо. Не знам зошто (wasntme)
А инаку ден пред Бадник кај нас се палат огновите, на Василица само лепчето :D
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
И кај нас е на Бадник ама без разлика дали ќе биде на Бадник или на Василица кај мене паричка не се паѓа (со исклучок на две години од кои двете полоши не можеа да бидат)