Ајде редно беше една тема и од мене да никне на форумов.
Познато е дека во некои места лепче со паричка се врти за Бадник, а на други пак за Василица. Конкретно во Прилеп, Битола и Охрид се’ уште е поголем бројот на семејства кои тоа го прават на празникот Василица.
Ова потекнува од минатото, односно кога царот Јулијан минувал низ Кесарија и барал дарови во пари и злато, па Свети Василиј немајќи ништо друго му дал три леба.
Откако бил убиен царот во војната, Василиј решил да го врати златото така што наредил да се месат лебови во кои ќе се стави злато. Така кога секое семјство го пресекло својот леб си го нашло златото, па во чест на ова дело станало традиција за Василица да се врти лепче со паричка.
Каква е традицијата во вашето семејство? Дали вие практикувате во лепчето да ставите паричка на Бадник или на Василица и дали знаете зошто е тоа така?