Охрид

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Луѓе, што мислите во врска со Субрата Рој, дали е возможно да го направи проектот во Охрид или не ??
Убаво би било да се направи проектот ама јас мислам дека нема шанси,ќе пробаат да стават некоја пара во џеб исто како Субрата што направил во Индија па затоа сега му ги затвориле сите сметки.Не ми се јасни иначе тие што викаат не им е убав Охрид и дека скапо им било а секое лето полн е Охрид со скопјани.Во Скопје поубаво да не е или поефтино? Каде и да се свртиш само споменици гледаш и го пиеш најефтиното кафе од 80 денари додека гледаш во некојси споменик.Во Охрид барем поубав поглед имам а не згради и споменици.Сум бил 2-3 пати и убаво сум си поминал ни ме навредил некој ниту пак повеќе ми наплатил.Можеби има лоши и катил луѓе ама каде ги нема? Во Грција можеби се попријателски луѓето посебно со нас Македонците,па затоа по цели колони има на граница.Охрид ми е убав мене и попрво во Охрид би одел отколку во Грција кај циганите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@, Lovely*-* and bojan

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Ако не за нешто друго Барем ке имаше еден Аквапарк во битола..како втор најголем град во мкд
аа не во пробиштип и да е најубав во мкд оти то не го изградија во битола (worried)
Кога веќе одиме офтопик. Зашто Гевгелија да има приклучок на автопат (А1 во случајов) а Прилеп како трет по големина да има излез на полуавтопат (А1/А3)?
Пошо по ваша верзија по големина на градовите треба да гледаме.
 

bojan

Староседелец
7 март 2012
44
71
1,018
30
Bitola
Кога веќе одиме офтопик. Зашто Гевгелија да има приклучок на автопат (А1 во случајов) а Прилеп како трет по големина да има излез на полуавтопат (А1/А3)?
Пошо по ваша верзија по големина на градовите треба да гледаме.

ккако битола е втор најголем град и ни то го нема гевгелија е лас вегас а прилеп неможиш да се жалиш оти сите ѕвезди од балкано за пивофесто ви ги донесоја и плус градот цут ви го напрај градоначалникот !
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
ккако битола е втор најголем град и ни то го нема гевгелија е лас вегас а прилеп неможиш да се жалиш оти сите ѕвезди од балкано за пивофесто ви ги донесоја и плус градот цут ви го напрај градоначалникот !
Епа Битола нема охридско езеро. И нема што да споредуваш градови во Македонија. Плус нема врска пивофестот со градоначалникот. Градоначалникот не носи пејачи затоа што општината нема пари за тоа. Пејачите ги плаќаат спонзорите (Прилепска Пивара).... Центарот е ко цут на багрем во октомври. Р1 101 е катастрофа со дупки, Р1 303 е со дупки. Секој пороен дожд на Димо наредникот е езеро. така да мислењето ен ти е на место. Ама ти гледаш што ти сервираат на ТВ. Плус мислењава ни се офтопик.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bojan and Lovely*-*

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Заљубена си сум во Охрид(inlove) ... на срце ми е стариот дел, калдрмата, автентичните ѕидови, историјата која ја носат, а особено си го сакам Канео...
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Толку го сакам што никогаш не би живеела таму. Чувството кога панично ми недостига да шетам покрај пристаништето на зајдисонце и да пешачам со сета мака и сладост по калдармите за да стигнам на Плаошник за да ја впијам сета убавина на Охрид е чувство што ме следи постојано додека ги вршам секојдневните активности во мојот град. Но чувството кога ќе заминам во Охрид по долги месеци на недостигање , ах е тоа не се споредува со ништо. Како детенце со долгопосакуваната играчка.
Имам многу убави спомени поврзани со Охрид, и радосно ги очекувам следните следните и следните