Малце ми е шубе да купувам онлајн облека.
Имам нарачано можда два пати маички од наши продавници (но навистина продавници, само што вршат и достава, а не овие само онлајн што се и со слики од нет), ми доставија по карго и среќа испаднаа супер нарачките.
Вака го користам само АлиЕкспрес за ситници ко прстени, часовници, беџови, маски за телефон, итн. Досега немам добиено лоша нарачка, но многу е битно да се гледаат ривјус од клиентите долу, посебно ако оставиле слики од купеното.
Сајд ноут: Ако некогаш ви треба добро смеење, барајте ривјус со слики кај машките танги. Не мора фала.