„Затоа што живот е убав. Затоа што сакам да се заљубам во Париз. Затоа што сакам да се смеам и да носам што сакам. Затоа што сакам да ги соблечам штиклите и да трчам боса низ чаршија. Затоа што сакам да пијам црвено вино и да јадам чоколадо. Затоа што сакам да излезам со другарките на латино журка и да пиеме текили играјќи „Јас никогаш“. Затоа што сакам да свирам на пијано и да глумам Симон Трпчевски. Затоа што сакам по сто пати да препрочитам една иста книга и да се чувствувам ко јас да сум главниот лик. Затоа што и во сред лето знам да си направам чај. Затоа што не сакам да сум совршена, сакам само да сум подобра од вчера. Затоа што и кога грешам знам дека ќе научам. Затоа што сакам да се бакнувам на дожд. Затоа што сакам да те држам за рака на полна месечина.
Затоа што го сакам светот.
И светот ме сака мене.
Сега.
Овде.
Засекогаш"
Затоа што го сакам светот.
И светот ме сака мене.
Сега.
Овде.
Засекогаш"