Стрелата е фрлена, само што таа лета во празно, не постои мета што ќе ја погоди. Што вреди што му кажав дека сум го сакала, што вреди што ми кажа дека ме сакал, кога ние повеќе не бевме истите. Дури зборувавме за нас, ние зборувавме за некој друг. Некој што излегол од кругот на љубовта. Останале само спомените што наликуваат на препарирана пеперутка врамена под стакло. Гледаш дека пеперутката е убава, ама тажна е сликата, зашто таа веќе никогаш нема да лета.
Винка Саздова" Последниот чај"
Винка Саздова" Последниот чај"