Никој не ги знае моите болки, моите моменти кога сум посакала да исчезнам од овој свет, кога сум била, кога во ноќите ги проколнував деновите што ми се поминати во солзи кога сум посакувала да бидам среќна и да бидат среќни оние околу мене. Деновите кога сум чекала да се појави сонцето а тогаш се појавуваа само темни облаци над мене никој незнае што и колку силно сум посакувала некои работи. Никој освен јас...
Во овие очи кои те љубат и покрај сé имаше живот. Среќни мигови кои се случуваа. Среќни мигови кои требаше да се случат. Места, пријатели, изгрејсонца, денови, зајдисонца, ноќи. Некои нови утра некаде.
Кога седиш дома,затворен во твојата соба, кога мечтаеш по личноста која ја сакаш со цело свое срце. Тагуваш бидејќи љубовта не ти е возвратена. Ах тоа тешко чувство, чувство на осаменост. Колку повеќе се трудиш да го заборавиш, толку повеќе ти доаѓа во мисливе. Едноставно таа личност неможеш да ја преболиш, да ја заборавиш. Се бориш со себе, сакаш да ја заборавиш, а проклето ја сакаш. Си мислиш дека нема никогаш да ја имаш но, сепак во тебе постои мала надеж. Срцето ти е скршено, боли. Солзи ти паѓаат од очите. Во еден миг пробаш се` да заборавиш и да исчезнеш од светот само за кратко. Неможеш повеќе да ја издржиш болката на твоето срце, се мачиш. Пробаш да се насмееш но, не ти прилега. Не е таа вистинската насмевка ,како порано што си се смеел. Ах таа пуста болка, која сакаш да ја избегнеш. Ти и` велиш дека ја сакаш, а таа ти се потсмева, се подбива со тебе, те понижува и омаловажува. Не верува во твојата искрена љубов која и` ја изразуваш...Taa те мрази..