1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Омилени ликови од сериите (со кратка рецензија)

Дискусија во форумот 'Серии и емисии' започната од Хоуп*, 31 јануари 2014.

  1. The_countess

    The_countess Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 јуни 2012
    Мислења:
    441
    Допаѓања:
    547
    Spencer Reid - Criminal Minds
    [​IMG]
    Најпаметен и најинспиративен лик. Да, совршен е.
     
    На violetmoon, Redhead и MoonFairy им се допаѓа ова.
  2. Podem

    Podem Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    355
    Џон Крајтон - Farscape

    [​IMG]

    Еден од најдобрите ликови во цел серијал.Снимена во сајанс-фикшн периодот (90те) и филмот изобилува со театарски костими и слични ефекти,приказната е појака од сите.Човеков толку добро го претставува ликот на Џон Крајтон што испаѓа дека е по неговиот приватен живот напишана приказната. Ладен,брзо снаодлив во разноразни ситуации и успешен.Кој ја гледал,знае.

    Saul Goodman - Breaking Bad

    [​IMG]

    Ликов беше тој што ја држеше цела серија интересна и во досадните моменти. Ваков лик не смее да се исфрли од серија со нешто помалку од главна улога.Адвокат со непоправлива желба за пари,реалист ,циник и доста интересен.Ликот од кој би требало повеќето денешни адвокати да си земат пример и да го имаат како репер.
     
    На warr му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,276
    Допаѓања:
    1,897
    Ги има повеќе...
    На пример Др.Хаус заради неговата генијалност, несекојдневниот пристап кон дијагнозите и третманот на болестите, сарказмот, изопачената смисла за хумор...
    Џек и Соер од Lost...два различни карактери но идентично ги сакам...Џек заради разумот и смирениот пристап кон нештата, а Соер пак од своја страна заради неговиот уникатен начин на дејствување и покажување на трошки од своите емоции...
    А моментално врв ми е ...
    upload_2014-3-17_16-56-55.jpeg

    Интригантен во секој поглед, генијален, промислен, шармантен...емотивен но интровертен...во секој случај лик кој остава силен впечаток...
     
    На Tantara и Altaïr им се допаѓа ова.
  4. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Stewie Griffin
    [​IMG]

    Најмалиот и најинтересниот член во семејството Грифин.
    15 години има 1 година :D
    Генијално бебе, мастер за се. Од убивање брокули до правење временски машини.
    Циничен и ироничен начин на изразување, склон кон насилство, навреди и омаложувања, рамнодушен соговорник, критички настроен кон се, дрзок, бездушен, брутално искрен, злопамтило, одмаздољубив, нарцисиоден, егоист, себичен, фан и личен пријател на смртта :zelen
    Бебе со неверојатна смисла за хумор, ќе ве расположи и насмее до солзи.
    Лик кој нема брзо да го заборавите. Број еден мој омилен лик на сите времиња!

    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]

    А верувам дека ќе го познаете по неговиот најголем хит :D
     
    На Holla и Y1K991 им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Vincent Chase (Entourage)

    vincent chase.jpg

    Винсент е млад харизматичен глумец на пат да го освои Холивуд. Ми се допаѓа како лик едноставно поради неговатиот позитивен став во животот кон се. Кариерата, пријателите, романтичните врски... неговото мото е "It's all gonna work out". Колку што прави пари, толку и троши. Секогаш е тука за своите тројца пријатели со кого израснал и не дозволува ништо да застане помеѓу нив. Поради неговиот шармантен изглед, позитивен став и делумно актерската популарност, нема ни најмал проблем во освојување на секоја девојка која ќе ја посака. Не се замара за слава и поради тоа го следи својот инстинкт и лична желба бирајќи ги филмовите во кои сака да глуми. Има силни принципи зад кои секогаш застанува и не дозволува да биде изманипулиран. Како и во сечиј живот, така и во неговиот има многу ups and downs на сите полиња, но неговиот оптимизам никогаш не е изгубен.

     
  6. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Petyr Baelish или попознат како Littlefinger

    Некои знаат од каде е ликов, тие што не знаете ликов е еден од главните ликови во Game of Thrones, добро не толку главен ама го има во поголемиот дел од серијата, и сите лоши работи што се случуваат се заради него.
    Еден од најголемите манупилатори во цела серија, може секого да го зафркне и никогаш не престанува додека не добие што сака. Во првата сезона беше на една страна после го предаде пријателот и се префрли на друга страна, успеа да го убие кралот а никој да не дознае дека е тој, напротив, сите му веруваа.
    Тоа е интересното за гледање, да правиш нешто а никој да не те фати, да им ги знаеш слабостите на непријателите и пријателите за потоа да ги искористиш во твоја корист. Овој лик го прави тоа премногу добро, толку добро што нема шанси никогаш да се посомневате во него. Исто така интересно е што тој не сака да го земе тронот, сака да остане во сенка, да ги проучува сите и зашто после се полесни за манипулиирање.
    Маестрален лик, едвај ја чекам новата сезона за да гледам исти работи како до сега.

    Неколку цитати да ставам, нема да биде проблем мислам.

    - Always keep your foes confused. If they don't know who you are or what
    you want, they can't know what you plan to do next.

    - Chaos isn't a pit. Chaos is a ladder. Many who try to climb it fail and never get to try again. The fall breaks
    them. And some are given a chance to climb, they cling to the realm or the gods or love. Only the ladder is real. The climb is all there is.

    Феноменално. :)
     
    На Io Sono и MissChievous им се допаѓа ова.

Сподели: