Омилени ликови од сериите (со кратка рецензија)

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,414
4,232
753
Сигурно сте гледале некоја серија каде одреден лик малце повеќе сте го засакале од другите и на некој начин повеќе влијаел да продолжите да ја гледате и да се заинтересирате за серијата?
Лик во кој сте се пронашле, лик кој ве смеел до солзи, лик кој ве восхитил или можеби станал и ваш идол...

Доколку постојат такви ликови, пишете ни нешто повеќе за нив. Кратка рецензија за нивните улоги во серијата и зошто баш тие се оние кои ги нарекувате омилени?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
27
домче
Морам да спомнам... Постоеше една серија... уште онаму 1999-2000... „ Злобница“ чинам се викаше... Типот се викаше Карлос Даниел, А типките близначки Паулина и Паола...
Тој Карлос Даниел носеше едно брадиче како Курт Кобејн... Е - заради него носам јас таква брада...
Што утисак ми остави таа глупа серија - чудо некое!

EDIT: ЈА НАЈДОВВВВВВ.... (sun)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Ерм... Gregory House.

Не знам дал е потребна рецензија за ликов. Најрационалниот суперлик којшто некој можел да го измисли. Плус приодот кон дијагностицирање кој го презентира е нешто што во пракса не се случува поради милиони протоколи што го прави уште поинтересен. Плус секогаш кажува по некоја корисна информација. И плус ги одбегнува средбите со пациентите. Има купишта информации кои можат да ти го прошират знаењето, не само од медицина туку и од многу други сфери затоа што Хаус смета дека добрите дијагностичари треба да знаат „наука“. Дури и самиот тој сакал да се запише на астрофизика, но некако станал m.d.


Го користи најдобриот сарказам кој некогаш сум го слушнал.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,414
4,232
753
Sarah Linden - The Killing



Омилен лик од крими сериите.
Скромна, ненаметлива, посветена и детектив со неверојатни инстикти.
Сара Линден како обичен човек од крв и месо, и без разлика на професијата очајно сочувствува со несреќите на жртвите, а тоа и е и главниот поттик за решавање на случаевите. Лик кој не прифаќа порази и по секоја цена се бори за правдата на жртвите, притоа давајќи и свои големи жртви одејќи по патот на вистината. За нејзе нејзината професија не е само работа, тоа е и нејзиниот идентитет. Перфекционизам над границите и посветеност до раб на лудило е она што ја прават Линден поразлична од манакените на ЦСИ кои освен што презентираат мода и убавина чат пат решаваат и по некој случај.
Ок, Сара е ужасна мајка и љубовница, но затоа е еден од најдобрите ликови на детективи што сум ги видела во серија.
За најомилениот нешто подолу :zelen
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
719
1,867
1,103
Јас си имам неколку, па ќе ги напишам сите во неколку мислења.
Ќе тргнам во комедија - еден и единствен Чендлер Бинг.



Чендлер е... Чендлер. Го донесе сарказмот на малите екрани, се другото после него беше бледа копија. Лик кој најмногу созреа и се промени во Пријатели, лик кој го опиша животот на многу момчиња. Хуморот негов е саркастичен, некогаш навредлив а секогаш интересен. Кој може да ги заборави неговите епски сцени со ATM кабината и манекенката, со New Years resolution, кога се обложи дека нема да ги исмева другарите, со трчањето со Џои по бебето, со Џулија Робертс и тангата, теоријата за Доналд Дак.... ги има милион.
Токму во таа сцена со Џулија Робертс, се опишува Чендлер како карактер, лик кој го користи хуморот како одбрамбен механизам. Тоа е делумно како резултат на лошото детство кое го имал.

Хуморот негов е неоспорен, се имам задавено од смеење на некои негови сцени, но тој не е само еден обичен joke teller. Одличен пријател е исто и иако и тој му има згрешено на Џои, секогаш му помагал (со неговата актерска кариера:zelen), со финансиите и со било кој друг проблем. Човек кој кога засака се претвори во прекрасен дечко, а потоа и сопруг (да продолжеше серијата сигурно ќе се покажеше како одличен татко). Сцената кога дознаа со Моника за дечињата е најтажната сцена, онака срце да ти се скрши. Затоа и толку го сакам, зошто неговиот лик е длабоко разработен.

:zelen
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,075
6,699
1,153
Big Sur
Alice Morgan (Luther)

Наспроти толку серии и уште толку ликови чии карактери не успеале да бидат доловени со години, типкава успеа да ме раздрма во неколку епизоди.
Еден од оние ликови кај кои нема средина. Или ја мразите до коска, или развивате некоја „љубов“ кон неа. И тие две емоции постојано се борат меѓусебно.
Ги знаете оние шармантни ликови за кои не имаат предупредувано дома да не им правиме муабет? Оние кои секогаш настапуваат со точно избрани зборови и зборуваат тивко и студено, а толку убедливо, без ниту едно треперење или емоција во гласот, што прават да би посакале да си излезете од кожа, само за да не сте во нивна близина? Е, тоа.
Детството си го направило своето, а резултатот од тоа е социопат-генијалец зад маска на повлечена девојка со студена, британска убавина.
Нарцис кој егото си го потхранува на невообичаени начини и која е спремна на било што само за да се докаже, првенствено себеси, а потоа и на оној поради кого го направила нештото. Ризикот за неа е само секојдневна доза адреналин што ѝ овозможува да се изнасмее на истиот во лице и обожава кога другите се немоќни. Опсесивна, манипулаторка, непоканета се вмешува насекаде, сака да ги држи работите под своја контрола, а сепак е толку потребна и од клучна помош, што сите тие негативности ги остава во заден план, иако не се ни труди за тоа.
Демнач од сенка кој одлично знае да процени ситуација, па е секогаш чекор понапред од другите и настапува во клучен момент.
Во комбинација со Лутер, главниот лик во серијава, се една од најчудните филмски спојки кои перфектно се надополнуваат на некој необјаснив начин.
Капа симнувам на тој што ја избрал глумицава. Феноменална е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Joan (Halloway) Harris a.k.a. Red (Mad Men)

Christina Hendricks.jpg

Жениште! Секси, интелигентна, работлива, секси, харизматична, храбра, секси, упорна. Жена која во текот на 60-тите години во Америка пополека се проби од обична секретарка до партнерка во фирма за адвертајзинг. Жена која сакаше многу повеќе од улогата на примерна домаќинка која живее само за своите деца и дом, типично за тие години, во тоа општество. Таа е онаа жена на која сите и се вртат за совет, и мажи и жени. Жена која секоја задача ја врши беспрекорно точно, но доколку некој и застане на патот или пак на некој начин и згреши, повеќе од возможно е дека ќе го здроби без око да и трепне. Иако постојат некои работи за кои не се согласува дека требаше да ги направи, очигледно е дека тоа е дел од нејзиниот силен каратер, you have to do whats necessary. Едноставно ја сакам! Мажите ја сакаат, жените ја сакаат и посакуваат да бидат како неа. Начинот на кој се однесува, начинот на кој се движи како леопард околу плен, начинот на кој збори бе! Те обзима и те магепсува! Погледот... сексепил блеска од нејзиниот поглед. Изгледот... ајде да не се лажеме, додека другите носат ролки и карирани здолништа, таа носи тесни фустани кои мислиш ќе препукаат од тие облини. Џоан ми е симбол за права жена, како треба да изгледа, како треба да се однесува и колку треба да се биде упорен и сигурен во себе. Еве за што зборам:


П.С. Старо е видеово, од првите 2 сезони само. You should see her now! :biggrin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,697
13,878
973
Још да сам женкар како њега, ехееее исти смо : ))) Чарли Шин ми е скоцкано човече, сс омилени карактеристике и пороци
Смислу за хумор, поготоо у Two and a half man. Значи он ми е идол, он ме смеел до солзи, нему му се восхитувам : )))

Two-And-A-Half-Men-charlie-sheen-19989671-2362-1575.jpg charlie_sheen_two_half_men_a_l.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Смиланов

Истакнат Член
7 јануари 2014
35
13
308
31
Sterling Archer од Арчер , Џон Кенекс од Almost Human, Бритни Џоб од Премиерка, Петер Грифин од Фамили гај.
Изменето од модератор: За ликовите пишувајте и кратка рецензија.
 

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Шерлок од истоимената британска серија.
Навидум екстравагантен, секако супериорен и прецизен во своите забелешки ме инспирираше уште од првата епизода. Неговата рамнодушност и ладнокрвност се само знак дека и тој позади својата маска крие друго лице. Препишани му се карактеристики на гениј со кои одлично се справува, и секој негов решен случај е поттикнат од неговата љубопитност, недостатокот на интуиција и досадата која го окружува.
Ја препорачувам серијата на сите криминал мајндс па и на оние кои мистеријата ги држи во неизвесност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara, Хоуп* and warr