Назад на психопатите, многу го сакам Joe од You. Ако е и убиец и психо, ама жален психо е. Тие очињата греотни, напатени. Многу интересно му е направен ликот да не може да го замразиш, туку да се соживиш со него (на некој начин де) и да сфатиш дека сето тоа потекнува од неговите неизлечени трауми од детството.
Сега, не ми е догледана уште, се надевам до крај нема да испадне дека овие жални флешбекс се измислица.
Уште некои омилени - Jake, Gina, Terry и Holt од Brooklyn Nine-Nine. Додуша, целата серија и сите глумци ги сакам, ама овие ми се врвот. Џејк е тотално некој со кој би била цело време и никогаш не би ми било досадно. Детинест, а интелигентен, башка е прекјут Енди значи! Џина би ми била најдобра другарка пошто е во некој свој свет во кој прави и тресе глупости, ама магично испаѓа во право, башка е пренајопуштена, а такви луѓе ми фалат. Тери и Холт се мечиња! Скроз ми се мили луѓе што однадвор се такви крупни, силни, демек поозбилни, а имаат лепче од душа и се смешни без да сакаат.