Омилени ликови од сериите (со кратка рецензија)

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Spencer Reid - Criminal Minds
large.png

Најпаметен и најинспиративен лик. Да, совршен е.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Џон Крајтон - Farscape

b955962074e1bac3ef7b4fdcc5f664f5.jpg


Еден од најдобрите ликови во цел серијал.Снимена во сајанс-фикшн периодот (90те) и филмот изобилува со театарски костими и слични ефекти,приказната е појака од сите.Човеков толку добро го претставува ликот на Џон Крајтон што испаѓа дека е по неговиот приватен живот напишана приказната. Ладен,брзо снаодлив во разноразни ситуации и успешен.Кој ја гледал,знае.

Saul Goodman - Breaking Bad

209270_5_.jpeg


Ликов беше тој што ја држеше цела серија интересна и во досадните моменти. Ваков лик не смее да се исфрли од серија со нешто помалку од главна улога.Адвокат со непоправлива желба за пари,реалист ,циник и доста интересен.Ликот од кој би требало повеќето денешни адвокати да си земат пример и да го имаат како репер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ги има повеќе...
На пример Др.Хаус заради неговата генијалност, несекојдневниот пристап кон дијагнозите и третманот на болестите, сарказмот, изопачената смисла за хумор...
Џек и Соер од Lost...два различни карактери но идентично ги сакам...Џек заради разумот и смирениот пристап кон нештата, а Соер пак од своја страна заради неговиот уникатен начин на дејствување и покажување на трошки од своите емоции...
А моментално врв ми е ...
upload_2014-3-17_16-56-55.jpeg

Интригантен во секој поглед, генијален, промислен, шармантен...емотивен но интровертен...во секој случај лик кој остава силен впечаток...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Altaïr

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Stewie Griffin
Stewie_Griffin.png

Најмалиот и најинтересниот член во семејството Грифин.
15 години има 1 година :D
Генијално бебе, мастер за се. Од убивање брокули до правење временски машини.
Циничен и ироничен начин на изразување, склон кон насилство, навреди и омаложувања, рамнодушен соговорник, критички настроен кон се, дрзок, бездушен, брутално искрен, злопамтило, одмаздољубив, нарцисиоден, егоист, себичен, фан и личен пријател на смртта :zelen
Бебе со неверојатна смисла за хумор, ќе ве расположи и насмее до солзи.
Лик кој нема брзо да го заборавите. Број еден мој омилен лик на сите времиња!

tumblr_mk5v59FpY01rlkqtbo1_500.jpg

tumblr_m2ovscgejW1ru0jyyo1_400.png
tumblr_lhrhi1brLP1qdur9ro1_500_large.png

ecaf6dc049840b6399f61c87ce95f6aa.jpg

А верувам дека ќе го познаете по неговиот најголем хит :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Holla and Y1K991

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Vincent Chase (Entourage)

vincent chase.jpg

Винсент е млад харизматичен глумец на пат да го освои Холивуд. Ми се допаѓа како лик едноставно поради неговатиот позитивен став во животот кон се. Кариерата, пријателите, романтичните врски... неговото мото е "It's all gonna work out". Колку што прави пари, толку и троши. Секогаш е тука за своите тројца пријатели со кого израснал и не дозволува ништо да застане помеѓу нив. Поради неговиот шармантен изглед, позитивен став и делумно актерската популарност, нема ни најмал проблем во освојување на секоја девојка која ќе ја посака. Не се замара за слава и поради тоа го следи својот инстинкт и лична желба бирајќи ги филмовите во кои сака да глуми. Има силни принципи зад кои секогаш застанува и не дозволува да биде изманипулиран. Како и во сечиј живот, така и во неговиот има многу ups and downs на сите полиња, но неговиот оптимизам никогаш не е изгубен.

 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Petyr Baelish или попознат како Littlefinger

Некои знаат од каде е ликов, тие што не знаете ликов е еден од главните ликови во Game of Thrones, добро не толку главен ама го има во поголемиот дел од серијата, и сите лоши работи што се случуваат се заради него.
Еден од најголемите манупилатори во цела серија, може секого да го зафркне и никогаш не престанува додека не добие што сака. Во првата сезона беше на една страна после го предаде пријателот и се префрли на друга страна, успеа да го убие кралот а никој да не дознае дека е тој, напротив, сите му веруваа.
Тоа е интересното за гледање, да правиш нешто а никој да не те фати, да им ги знаеш слабостите на непријателите и пријателите за потоа да ги искористиш во твоја корист. Овој лик го прави тоа премногу добро, толку добро што нема шанси никогаш да се посомневате во него. Исто така интересно е што тој не сака да го земе тронот, сака да остане во сенка, да ги проучува сите и зашто после се полесни за манипулиирање.
Маестрален лик, едвај ја чекам новата сезона за да гледам исти работи како до сега.

Неколку цитати да ставам, нема да биде проблем мислам.

- Always keep your foes confused. If they don't know who you are or what
you want, they can't know what you plan to do next.

- Chaos isn't a pit. Chaos is a ladder. Many who try to climb it fail and never get to try again. The fall breaks
them. And some are given a chance to climb, they cling to the realm or the gods or love. Only the ladder is real. The climb is all there is.

Феноменално. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono and MissChievous

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Имам нов омилен лик, а тоа е Dwight од The Office.
Не знам зошто ми требаше толку време да ја почнам серијава, ама сега ми е заразна, посебно ликов. Секоја сцена со него е прајслес, почнувајќи од самата фаца, па до бисерите што ги тресе.
Мислам, изгледав само две сезони т.е. околу 30ина епизоди, па не можам тотално да го опишам пошто не знам натака уште што ќе прави, но дефинитивно и ова беше доволно за да ми стане омилен.
Мрднат, добродушен, лекоумен, со најчудните интереси на свет (кои постојано се менуваат), но и навистина добар пријател, иако поради чудниот карактер може не делува така од прва.
Врв од ликчина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Имам нов омилен лик, а тоа е Dwight од The Office.
Не знам зошто ми требаше толку време да ја почнам серијава, ама сега ми е заразна, посебно ликов. Секоја сцена со него е прајслес, почнувајќи од самата фаца, па до бисерите што ги тресе.
Мислам, изгледав само две сезони т.е. околу 30ина епизоди, па не можам тотално да го опишам пошто не знам натака уште што ќе прави, но дефинитивно и ова беше доволно за да ми стане омилен.
Мрднат, добродушен, лекоумен, со најчудните интереси на свет (кои постојано се менуваат), но и навистина добар пријател, иако поради чудниот карактер може не делува така од прва.
Врв од ликчина.

Ги имам гледано и британската и америчката но во овој случај, изненадувачки, морам да признам дека америчката е подобра. Двајт беше германец по потекло мислам, симпатично манијакален лик :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ги имам гледано и британската и америчката но во овој случај, изненадувачки, морам да признам дека америчката е подобра. Двајт беше германец по потекло мислам, симпатично манијакален лик :frantic
Џерманац је, јесте. Јас како повеќе гледам, толку поомилен ми станува. Не можеле поиспрден да го направат.
Душичка, толку е наивен и пожртвуван, а спакуван баш во манијакален тип од 2 метра, па комбинација снова е.
Британската може после оваа ќе ја гледам, ама не знам како би ми се допаднала, иако Рики Џервејз ми е прилично смешен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Џерманац је, јесте. Јас како повеќе гледам, толку поомилен ми станува. Не можеле поиспрден да го направат.
Душичка, толку е наивен и пожртвуван, а спакуван баш во манијакален тип од 2 метра, па комбинација снова е.
Британската може после оваа ќе ја гледам, ама не знам како би ми се допаднала, иако Рики Џервејз ми е прилично смешен.

Британската мислам беше 2 сезони по 6 епизоди нешто така плус спешла крисмас епизода нешто, само ликовите не се живописни како во америчката :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra