Amenra: Mass IIII
Албум мрачен колку и самиот cover art. 7 песни, спој на гнев, очај, болка и чад од изгорени човечки тела.
Патем, Amenra се белгиски post-metal/sludge бенд, препознатлив по нивните настапи кои се карактеризираат со неверојатни визуелизации што соодветствуваат со музиката, groundbreaking рифови, и многу емоции во врисокот на Колин.
Shahmen: Enter the Circle
Језда не е албум, туку 15-минутно EP, ова го сметам за можеби најголемото мое рап откритие. Воедно и единствен материјал изваден од ова американско-холандско дуо(Bless - MC/Sense - продуцент) во 2011 година. И ги снемува!
За сите љубители на мрачен хип-хоп, евентуално фанови на Tyler, the Creator, затоа што вокалот на Bless е многу сличен на Tyler, дури и подлабок и порапав, и одлично се лепи на ориентално-трибалистичките инструментали на Sense.
Nujabes: Metaphorical Music
Ако веќе би морал да бирам албум на Nujabes, би била тесна битка помеѓу Metaphorical Music и Modal Soul. Metaphorical Music е албум каде што Себа ја истакнува неговата динамична перкусија врз jazzy инструменталите кои одлично ги дополнуваат Funky DL, Substantial, Cise Starr, Pase Rock, Shing02, Five Deez и неверојатниот Uyama Hiroto, кој со неверојатна мека мелодија ја дополнува Next View. Одличен албум за чилање, за читање, за чај или кафе, и општо за конзумација.
The Canyon Observer: Chapter II: These Binds Will Set You Free
Словенски пост-метал квинтет што донесе револуција во мојот репертоар на музика уште од првото слушање на My Will. Иако таа песна се наоѓа на нивното прво EP, сметам дека Chapter II значеше нивно музичко созревање и дефинирање на звукот што ќе го користат. Интересен концепт околу нивните 2 EP-а е тоа што насловите на самите песни се дополнуваат една со друга. На пример, во Chapter II, насловите на песните се:
1. As we surrender to lust
2. And the pleasure of pain
3. We can descend into the unknown
4. And drift away